![AFGHANISTAN-US-TRUMP-THANKSGIVING](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/trump-thanksgiving-afghanistan-visit.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Белата куќа во саботата ги демантираше наводите дека претседателот Доналд Трамп бил известен за тоа дека наводно руското воено разузнавање им плаќало на талибанските бунтовнции да убиваат западни војници во Авганистан за што во петокот пишуваше весникот The New York Times, а Трамп во неделата го исмеа неговот демократски противкандидат на ноемвриските избори Џо Бајден.
Портпаролката на Белата куќа, Кајли Мекинени ноќта кон неделата по средноевропско време изјави дека „ниту претседателот, ниту потпретседателот не беа известени за наводните руски парични награди“ споменувајќи „неточности во написот на The New York Times кој наведува на погрешен заклучок дека претседателот Трамп бил информиран за тоа“.
Самиот претседател Доналд Трамп во неделата го исмејува својот ривал Џон Бајден за неговата изјава дека Трамп ја изневерил американската војска во врска со споменатиот напис на The New York Times дека руските разузнавачи нуделе парични награди на исламистичките авганистански бунтовници за убиство на американски и војници на НАТО.
Русија и талибаните во саботата, пак, во одвоени објави децидно ги негираа информациите изнесени во веснкиот од анонимни разузнавачки извори, во кој беше наведено и дека наводно за тоа бил информиран и американскиот претседател како и дека наводно за таа информација се зборувало на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
„Никој не ме известил ниту мене, ниту потпретседателот Мајк Пенс, ниту шефот на кабинетот (на Белата куќа) Марк Медоус за наводните руски напади на нашите војници во Авганистан. Сите тоа го негираат, а и немаше многу напади врз нас“, напиша Трамп во утринскиот твитер изразувајќи големо сомневање во вистинитоста на информациите на The New York Times.
Имено, не е познато кој случај на 20-те американски војници загинати во борбите во Авганистан во текот на минатата 2019 година е под сомневање, пишува уште The New York Times.
„Смешно е да се гледа како корумпираниот Џо Бајден чита изјава за Русија, јавно напишана од оние кои управуваат со него. Русија ги обремени него и (демократскиот претседател Барак) Обама кога тие беа на власт, толку многу што Обама посака да го отстрани од Г8. САД беа слаби во сѐ, но особено во однос на Русија!“, напиша Трамп на Twitter.
Претходно поранешниот американски потпретседател Бајден изјави дека доколку написот во The New York Times за руските разузнавачки контакти со талибаните е вистинит, тогаш американскиот претседател Доналд Трамп знаејќи го тоа, ги изневерил американските војници.
Според наводите на „анонимните функционери од разузнавањето“ на кои се повикува америакнскиот вескни, руската воено-разузнавачка слуќжба (ГРУ) тајно давала пари на исламистичките борци и на криминалци „блиски на талибаните“ за да убиваат американски и војници на НАТО во Авганистан.
Талибаните, кои се борат со авганистанските сили кои ја имаат поддршката на западните војски по нивното соборување од власт со инвазијата предводена од САД во 2001 година, решително ги отфрлија наводите дека соработувале со своите стари непријатели, имајќи предвид на деветгодишната војна во текот на 1980-те по инвазијата на тогашниот Советски сојуз.
„Светата војна којашто Исламскиот Емират (како што се нарекуваше Авганистан во времето на талибанската власт од 1996 до 2001 година) ја води веќе 19 години, нема никаква врска со која и да е разузнавачка служба или со странска земја“, се истакнува во соопштението.
Талибаните воедно истакнуваат дека и натаму го почитуваат договорот потпишан на 29-ти февруари во катарската престолнина Доха со САД кој предвидува запирање на нападите врз странските војници, коишто за возврат треба да го напуштат Авганистан до пролетта 2021 година.
„Ова примитивно информативно ѓубре јасно ги покажува ниските интелектуални способности на пропагандистите во американската разузнавачка служба“, напиша во изјавата руското министерство за надворешни работи. Во саботата руското министерство за надворешни работи за ТАСС одговорило дека споменатиот напис е „депонија на американските разузнавачи“. Во одговорот на руската дипломатија се повторува дека „овој прост истрел јасно ги илустрира ниските интелектуални способности на пропагандистите во американското разузнавање“ и се додава дека поради тоа „тие (американските разузнавачи) наместо да измислат нешто поверодостојно, се принудени да излегуваат со таквите глупости“.
„Овие неосновани и анонимни обвинувања дека Москва стои зад смртните случаи на американските војници во Авганистан веќе доведоа до тоа да бидат директно загрозени животите на вработените во руските амбасади во Вашингтон и во Лондон“, објави на Twitter руската амбасада во САД.