Трамп не исклучува можност од „голем судир“ со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека е можен голем воен судир со Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и ракетна програма, но порача дека ги преферира на решението на спорот.

 

„Постои можност да дојде до голем, голем судир со Северна Кореја. Апсолутно“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервјуто за Reuters во пресрет на 100-те дена од неговиот мандат.

Сепак, додава дека сака мирно да ја реши кризата коајшто ги оптоваруваше повеќето американски претседатели, како и дека патот по кој тие и неговата администрација се движат подготвува низа нови економски санкции, но дека воената опција не е исклучена.

„Би сакале работите да се решат дипломатски, но тоа е многу тешко“, вели Трамп.

Истакнува дека Јужна Кореја треба да го плати трошокот за инсталирањето на американскиот систем за противракетен систем THAAD (Therminal High Altitude Area Defense), кој го проценува на милијарда долари.

Оцени дека Северна Кореја е најголемиот светски предизвик и го пофали кинескиот претседател Кси Џинпинг за помош во обидот да влијае врз Пјонгјанг.

„Верувам дека многу се труди, сигурно не сака да гледа превирања и смрт. Тој тоа не сака да го види, добар човек е, многу добар и многу добро го познавам. Тој ги сака Кина и Кинезите. Знам дека би сакал да биде во состојба да стори нешто, но можеби е можно тој тоа да не го може“, вели Трамп.

Коментирајќи ги контроверзиите околу Тајван, Трамп вели дека воспоставил многу добар личен однос со кинескиот претседател Кси, како и дека мисли оти тој прави се за да помогне во спорот со Северна кореја, па не би сакал веднаш да предизвикува тешкотии.

Трамп го даде интервјуото ден откако тој и неговите советници за национална безбедност ги известија американските пратеници за севернокорејската закана, а ден пред државниот секретар Рекс Тилеерсон да претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации по прашањето за санкциите коишто дополнително и го изолирале Пјонгјанг, поради неговата нуклеарна и ракетна програма.

Администрацијата на Трамп во средата ја прогласи Северна Кореја за акутна закана по националната безбедност и приоритет на надворешната политка. Американскиот претседател изјави дека е концентрран на економските и дипломатските притисоци, вклучително и киенската соработка и влијание врз Пјонгјанг.

Запрашан дали го смета севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун за разумен политичар, Трамп вели дека тргнува од претпоставката дека тоа тој е, забележувајќи дека Ким ја презема власта на рана возраст и дека има само 27 години и оти тоа е возраст во којашто не е лесно да се владее.

Трамп вели и оти има намера да преговара или да го прекине американскиот трговски договор со Јужна Кореја поради високиот трговски дефицит со Сеул.

Изјави и дека размислува да ги одложи патувањата во Израел, Саудиска Арабија и Европа следниот месец, истакнувајќи дека сака да се воспостави изралеско-палестинскиот мир.