Трамп не стравува дека ќе биде отповикан

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека не стравува дека ќе биде отповикан, а дека испалтите коипто во 2016 година пред почетокот на претседателската кампања неговиот личен адвокат Мајкл Коен им ги дал на две жени не ги кршат законите.

„Тешко е да се отповика некој кој не сторил ништо погрешно и кој ја направил најдобрата економија во историјата на нашата држава… Не сум загрижен, не. Мислам дека луѓето би се побуниле доколку тоа се случи“, рекол американскиот претседател Доналд Трамп во разговорот за агенцијата Reuters во Белата куќа.

Сојузната истрага во Њујорк минатата седмица објави дека Трамп му наредил на својот поранешен личен адвокат Мајкл Коен на две жени да им исплати шестоцифрени суми за да не проговорат за наводните љубовни афери со него, пред почетокот на претседателската кампања. Иследниците сметаат дека овие исплати ги прекршиле законите за прилози во кампањата, дефинирани како вредности дадени за да се влијае врз резултатите на изборите, кои мира да бидат јавни и играничен на 2.700 долари по лице.

Демократите, чијашто кандидатка на претседателските избори во 2016 година Хилари Клинтон беше неочекувано поразена од Трамп, сметаат дека тавкото кршење на законото би повлекло отповикување, иако некои челници на Демократската партија во Кингреост го поставуваат прашањето дали тоа е доволно тежок прекршок за покренување на ваквата постапка. За тоа е потребно мнозинство во Претставничкиот дом во кој во јануари контролата ја преземаа демократите. Но за отстранување на претседателот од должноста потребно е и двотретинско мнозинство во Сенатот, кој остана под контрола на Републиканската партија.

На Коен подоцна во средата ќе му биде врачена пресудата за неговиот ангажман во исплатата на двете жени, прорно актерката Сторми Даниелс и поранешната „зајачица“ на Плејбој, Карен Мекдугал. Претседателот Трамо ги отфрли тврдењата дека имал афери со нив. Претходно годинава призна дека на Коен му вратил 130.000 долари кој овој и’ ги дал на Даниелс, чиешто вистинско име е Стефани Клифорд. Пред тоа тврдеше дека не знае ништо за тие исплати. Трамп го обвини Коен дека зборува лаги за да добие помала затворска казна. Повика да му биде изречена повисока казна, а во вторник рече дека би требало да знае за законите за финансирање на кампањата.

„Мајкл Коен е адвокат. Претпоставував дека знае што прави“, одговора Трамп на прашањето дали со Коен разговорал за законите за финансирање на кампањата.