Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот, неколку часа отккао вети мирен пренос на власта, дека на 20-ти јануари нема да присуствива на инаугурацијата на неговиот наследник на должноста Џо Бајден.
Во Белата куќа, како што објавија претходно медиумите, се дискутирало за заминувањето на Трамп од Вашингтон на 19-ти јануари.
Се очекува дека тој ќе отпатува Мар-а-Лаго на Флорида, во неговот одморалиште, објави Reuters повикувајќи се на упатен извор.
„За сите оние кои прашува, нема да одам на инаугурацијата на 20-ти јауари“, напиша Трамп на Twitter кој сѐ уште тврди дека на изборите на 3-ти ноември му е украден вториот претседателски мандат.
Така, Трамп би станал четвртиот претседател во историјата на САД кој не присуствивал на церемонијата на инаугураијата на својот наследник на должноста.
Првиот кој го сторил тоа е Џон Адмас, вториот претседател на САД (1797-1801), еден од ткн татковци основачи на Соединетите држави. Тој не се појавил на инаугурацијата на Томас Џеферсон инаку негов потрпетседател, бидејќи бил силно вознемирен не само од изборниот пораз, туку и од смртта на еден од неговите синото под алкохолизам.
Вториот биле Џон Квинси Адамс, шестиот претседател на САД и син на Џон Адамс (1825-1829). Ниту тој, ниту Ендрју Џексон кој го победил на изборите, не покажале желба за меѓусебна комуникација, па претседателот на заминување не се појавил на инаугурациајта.
Трет е Ендрју Џонсон, 17-от претседател на САД (1865-1869). Неговиот наследник на позицијата Улис Грант одбил да се вози во иста кочија со Џонсон, како што тогаш бил обичајот, по што вториот решил воопшто да не присуствува на инаугурациајта.