Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, денеска изјави дека нема да учествува во друга изборна дебата со неговата демократска ривалка, потпретседателката на САД, Камала Харис.
„Нема да има трета дебата“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, пренесе Ројтерс.
Трамп учествуваше во дебата против американскиот претседател Џозеф Бајден во јуни и против Харис претходно оваа недела.