Трамп објави дека Вилијам Бар веќе не е министер за правда

Photo by MANDEL NGAN / AFP)

Американскиот претседател Доналд Трамп објави ноќта кон вторникот по средноевропско време дека министерот за правосудство Вилијам Бар ќе ја напушти должноста пред католички Божик, а на негова позиција ќе дојде неговиот заменик Џеф Розен.

„Бил ќе замине пред Божик за да ги мине празниците со семејството, заменикот министер за правосудство Џен Розен, извонредна личност, ќе ја преземе функцијата“, објави на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со писмото со оставката на Вилијам Бар.

Бар на министерската должноста стапи минатата 2019 година, и важеше како голем приврзаник на Трамп.

Последните денови тој јавно се спроитстави на настојувањата на Трамп да докаже дека на претедателските избори на 3-ти ноември е извршена изборна кражба, што доведе до шпекулации во медиумите дека би можел да ја загуби довербата на претседателот и да биде сменет.

Меѓутоа, Бар во писмото со оставката изразува повеќе комплименти на сметка на претседателот Трамп. Меѓу другото, наведуува дека е горд што имал улога во „многите успеси и постигнувања без преседани на Трамп“.

Доналд Трамп, пак, наведе дека во понеделникот имал „добар состанок“ со Вилијам Бар во Белата куќа. „Нашиот однос е извонреден, тој изврши одлична работа“, вели Трамп.

Бар, кој како министер за правосудство воедно беше и главен државен обвинител, ќе замине од должноста еден месец пред на 20-ти јануари веројатно претседателската функција да ја преземе демократот Џо Бајден.