Трамп очекува да собере околу милијарда долари за претседателската кампања

Предизборниот штаб на милијардерот Доналд Трамп, кој остана едиствениот претендент за номинација на Републиканската партија за претседател на САД планира да собере за потребите на кампањата финансии од околу една милијарда долари, изјави Трамп во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.

Тој посочи дека за собирањето на таа сума веројатно ќе работи заедно со Националниот комитет на Републиканската партија.

– Ќе се обидеме да собереме една милијарда долари или повеќе, посочи Трамп.

Според него таа сума ќе биде неопходна за да биде победен фаворитот на демократите, поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон