Трамп одржа собир пред илјадници приврзаници во Аризона

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп одржа во саботата обраќање во сојузната држава Аризона, во коешто повторнo инсистираше дека победил на претседателските избори пред две години кои му се украдени во полза на актуелниот претседател Џо Бајден, што го поздравија илјадниците негови приврзаници.

Некои од најдоследните приврзаници на републиканецот пристигнале во местото Флоренс неколку дена претходно, од сојузните држави Флорида и Тексас, на пример, пренесуваат американските медиуми.

„Завршено се со тоа политичарите во Вашингтон да ги контролираат вашите животи. Готово е со наметнувањата. Радикалните демократи сакаат да ги претворат САД во комунистичка земја“, изјави Трамп.

Повтори дека во 2020 година победил на претседателските избори и порача дека „Не можеме да им дозволиме да се извлечат со тоа“.

Претходните говорници на собирот, исто така, упатуваа слични пораки. Бајден го обвинија дека е „слаб“ и „растроен“, и ги нападнаа мејнстрим медиумите коишто на изборниот ден го прогласија кандидатот на демократите за победник пред објавувањето на резултатите. Говорниците зборуваа за тоа како се украдени изборите, за медиумската пристрасност, отворените граници за неселективната имиграција и за тоа дека САД предизвикуваат „потсмев“ во целиот свет.

„Тука има атмосфера на забава. Ова е како MAGA (акроним од англиската верзија на изборното мото на Трамп ‘Да ја направиме Америка повторно голема’) на Вудсток. Патриотите ширум земјата се собраа за општото добро на земјата. Ние го сакаме својот претседател“, изјавил за агенцијата AFP Џонатан Ричес, еден од приврзаниците на Трамп на собирот.

Џенифер Витербауер, којашто меѓу првите дошла на собирот, изјавила дека дошла да ја слушне вистината од Трамп. „Тој секогаш за сѐ ја зборува вистината. За економијата, за ситуацијата во светот, во САД“, додала.

Иако ја најави, Трамп не одржа прес-конференција на 6-ти јануари на годишнината откако стотици илјади негови приврзаници влегоа на Капитол Хил за да го оспорат потврдувањето во Сенатот на победата на Бајден со гласовите на електрорскиот колегиум, а ова е негов прв собир од октомври.

Трамп истакна дека се собрал „огромен“ аудиториум кој не може да го опфати со погледот, но медиумите досега не изнесоа процени за бројката на присутните во Флоренс, но некои известуваат дека „се чини дека бил помалку посетен“ од претходните.

Собирот е одржан на земјоделско земјиште 100 километри од Феникс, а покрај Трамп беа и републикански функционери кои упорно ги негираат резултатите од претседателските избори.

Меѓу нив бише и Кери Лејк, којашта беше поддржана од Трамп на изборите за гувенрерка на Аризона годинава. Таа претходно изјави дека не би ја потврдила победата на Бајден во оваа сојузна држава доколку тогаш беше на функцијата.

Мајк Лидел, челник на „MyPillow“, кој потроши милиони долари во обидите правно да ги оспори резлтатите од изборите, фокусирајќи се на, како што нагласи, махинациите преку уредите за броење на гласачките ливчиња, им порача на собраните дека нема да се откаже.

„И ви го ветувам ова, нема да има избори со некакви машини или компјутери во 2022 година“, рече Линдел.

Трамп, кому доживотно му е забрането користењето на платформата Twitter преку којашто главно ѝ се обраќаше на јавноста, сега многу помалку е директно вклучен во политичкиот живот. Но, очигледно останува многу влијателен во Републиканската партија и воопшто во САД. Поддржувањето на неговото тврдења за изборна кражба или барем недистанцирање од тоа, е неопходно за опстанокот на републиканските конгресмени и други функционери со поддршка од гласачите.

Трамп ретко добива можност за појавување во мејнстрим медиумите откако не е претседател, но минатата седмица даде интервју за единствениот јавен сервис во САД – националното радио National Public Radio (NPR), во коешто препорача вакцинирање против Covid-19, што беше критикувано од дел од неговите приврзаници.