Американскиот претсдател Доналд Трамп повторно го обвини Мексико во вторникот дека не прави ништо на запирањето на илегалната имиграција и го повтори своето предизборно ветување дека Мексико ќе плати за ѕидот кој ќе се гради на границата кон оваа земја, но од таму многу брзо доби одговор „не, нема“.
Трамп во обраќањето на собирот во Нешвил во американската сојузна држава Тенеси повторно се наврати на темата на ѕидот кој сака да го подигне на јужната американска граница за да бидат запрени илегалните доселеници. Ѕидот беше една од неговите најспоменувани теми во текот на предизборната кампања во 2016 година и една од најспортните во односите со јужниот сосед.
„На крајот Мексико ќе плати за тој ѕид. Не прават ништо на тоа да ги запрат луѓето во минувањето низ Мексико од Хондурас и сите тие земји….. не прават ништо да ни помогнат“, рече Трамп пред своите приврзаници.
Речиси еден час подоцна мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието му одговори на Twitter.
„Не. Мексико никогаш нема да го плати ѕидот. Ниту сега, ниту кога и да е. Со почи , Мексико (сите ние)“, напиша Пена Нието и потоа повторно истиот текст го објави на шпански.