Трамп планирал ракетен удар врз Мексико, тврди поранешен шеф на Пентагон

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја истражувал можноста за ракетен напад врз лаборатории за наркотици во Мексико, пишува The New York Times, цитирајќи ги мемоарите во подготовка на поранешниот челник на Пентагон, Марк Еспер.

Поранешниот американски министер за одбрана тврди дека Трамп во летото 2020 година најмалку двапати го прашал дали американската армија може „со ракети да стрела врз Мексико за уништување на нарколабораториите“. Според авторот на книгата која е во печатење, Трамп бил многу незадоволени од приливот на наркотици преку јужната граница и изјавил дека мексиканските власти не ја коонтролирале ситуацијата на сопствената територија.

„Само ќе лансираме сано неколку ракети Patriot, никој нема да знае дека сме ние“, наводно одговорил Трамп на приговорите против ракетирањето. Поранешниот американски претедседател додал и дека едноставно ќе го негира нападот.

Еспер се присетува дека таквиот план би ги сметал за шега доколку во тој момент не го погледнал лицето на Трамп.

Според NYT, книгата на Еспер „A Sacred Oath“ (Светата заклетва треба да биде објавено на 10-ти мај. Поранешниот министер, кого Трамп го смени од должноста веднаш по поразот на претседателските избори во 2020 година, претходно ја позиционираше како „целосна и неизвалката историја“ на американската нација, „особено во нејзините тешки периоди“.

Еспер, последниот државен секретар за одбрана потврден од Сенатот во мандатот на Трамп, исто така, бил загрижен за шпекулациите дека претседателот би можел да ја употреби војската пред или на денот на изборите, на пример, војниците да ги запленат гласачките кутии. Тој ги предупредил подредените да бидат на готовност за невообичаени повици од Белата куќа во пресрет на изборите.