Американскиот бизнисмен и кандидат за претседател Доналд Трамп(70) во неделата стана дедо по осми пат. Неговата ќерка од првиот брак, Иванка Трамп на свет донесе здравчо момченце, но има само еден проблем – дедото најверојатно нема да биде многу импресиониран од името на новото внуче.
Иванка (33) и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер на својот трет наследник му дале име Теодор (Тед), па јавноста веднаш почна со коментарите дека Доналд нема да биде воодушевен од тоа што неговио внук ќе го носи името на неговиот главен политички противник на изборите, Тед Круз.
Baby Theodore. My heart is full. xx, Ivanka #grateful pic.twitter.com/aOux7Nm3BU
— Ivanka Trump (@IvankaTrump) March 28, 2016
Иванка по породувањето со синот Теодор Џејмс, кој на свет дојде на католичкиот Велигден, објави фотографија на социјалните мрежи под која напиша „неверојатно благословени“.