
Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа во четвртокот историски мировен договор кој треба да доведе до целосна нормализација на односите меѓу овие две земји на Билскиот истокк, а посредник во постигнувањето на договорот кој го поздравија Обединетите нации, беше американскиот претседател Доналд Трамп.
Според овој договор, Изразел се обврзува да го запре наметнувањето на својот суверенитет врз областите на Западниот брег (на реката Јордан), кои меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински територии во војната од 1967 година, а што беше предмет на израелска анексија според законите донесени претходно годинава.
Станува збор за прв ваков договор по спогодбата од 1994 година меѓу Израел и Јордан, а претставува значителен поен во надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на претседателските избори во ноември,
Во преговорите околу постигнување на договорот, важна улога имаа зетот на Трамп и негов висок советник Џаред Кушнер, америкланскиот амбасадот во Израел, Давид Фридман, претствникот на американската администрација за Блискиот истпок, Ави Берковиц, ккао и американскиот државен секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан,
Во заедничката изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху и престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед ал-Најхан се изразуваат надежите дека „историскиот пресврт ќе придонесе за воспоставување на мирот на Блискиот исток“. Договорот е постгната како резултат на неформални преговори кои во последниот период неа забрзани, а во четвртокот склучлен во телефонскиот разговор меѓу споменатите тројца челници.
„Овој историски допломатски напредок ќе придонесе кон мирот на Блискиот исток, и претставува тестамент за допломатијата и визијата на тројцата лидеи и храброста на ОАЕ и Израел да зацртаат нов пат кој ќе ги отвори портите за големиот потенцијал на регионот“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Израел досега немаше дипломатски односи со земјите од Заливот. Меѓутоа, американските блискоисточни сојузници, арапските сунитски земји во кои тамошните монархии го практикуваат главно ригидниот вехабитски облик на исламот, се сојузуваат со САД против зголемувањето на шиитски Иран во регионот за сметка на шиитските заедници во Ирак, Сирија, Јемен и Либан.
„ГОЛЕМ пресврт денеска! Историски мировен договор меѓу нашите ГОЛЕМИ пријатели Израел и Обединетите Арапски Емирати“, објави Трамп на Twitter.
Таканаречениот Договор на Абрахам е третиот арапско-израелски моровен договор откако Израел ја донесе декларациајта за независност во 1948 година. Со Египет е потпишан договор во 1979, а со Јордан во 1994 година. Според изјавите, со овој договор се предвидува на милсиманите да им се овозможи поголем приостап до џамијата Ал Акса во источен Ерусалим, каде што досега надлежноста ја имаше Јордан, како и да четаат од Абу Даби во Тел Авив. Од друга стана, ОАЕ и Израле ќе ја прошират и забрзаа соработката во поглед на развојот лекување и развој на вакцина против коронаворусот.
Делегации на Израел и ОАЕ следните седмици треба да се сретнат за да ги потпишат и договорите за вложувања, туризмот, директните воздушни линии, безбедноста, телекомуникациите и отворањето амбасади.
Во изјавата се наведува дека „поради овој дипломатски пробив и на барање на претседателот Трамп, со поддршка на ОАЕ, Израел ќе го суспендира прогласувањето на суверенитетот“ на деловите од Западниот брег како што е предвидено со американскиот моровен план кој го претстави американскиот претедател во јануари, но го отфрлија и палестинската страна и речиси сите арапски и муслимански земји.
„Израел во скора иднина ќе биде фокусиран на градењето нови односи и искористување на предностите кои може да ги донесе овој нов однос со оваа земја, а покрај тоа ние исто така веруваме дека тој го кршри мразот за натамошните нормализации и мировни договори и со другите регионални играчи“, изјавија од Белата куќа.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, набрзо по задничката изјава објави дека ја поздравува „секоја иницијатива којашто може да придонесе за поттикнување на мирот и безбедноста на Блискиот исток“.
Техеран сѐ уште официјално не го коментитраше договорот меѓу Аби Даби и Тел Авив. Но иранската новинска агенција Tasnim, којашто се смета за блиска на влијателната Револуционерна гарда, објави дека договорот е „срамен“.
Палестинското исламистичко движење Хамас, кое ја контролира енклавата Појасот Газа, оцени дека споменатиот договор „не ја помага палестинската борба“ и дека претставува „бланко чек за продолжувањето на израелската окупација“.
„Договорот го отрфламе и осудуваме. Тој не ѝ помага на палестинската борба и го сметаме за продолжување на негирањето на правата на палестинскиот народ. Хамас смета дека треба да се поддржи и да му се помогне на палестинскиот народ, а не да се воспоставуваат односи со окупаторот“, се наведува во писмената изјава на портпаролот на движењето, Хазем Касим.