Претседателот на САД Доналд Трамп се избламирал кога погрешно го обоил американското знаме, пренесуваат светските медиуми.
Тој со сопругата Меланија и министерот за здравство ја посетиле детската болница во Охајо. Таму за кратко се дружел со децата, си играл и боел. При тоа тој направил гаф, боејќи го знамето.
Според фотографиите кои се нашле во медиумите, направил грешка, па сината боја се нашла таму каде што не и е местото.
Според многумина, погрешно обоеното знаме наликувало на руското.
Белата куќа не го коментирала случајот.