Трамп порача дека за „политичкото насилство“ нема место во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп повика во средата на единство по откривањето на сомнителните пакети адресирани, меѓу другите и на неговиот демократски претходник Барак Обама и неговата демократска противкандидатка од изборите во 2016-та Хилари Клинтон, оценуајќи дека нема место за политичкото насилство.

„Во ваквите моменти морме да се обединиме. За актите и заканите со политичко насилство, какви и да се, нема место во САД“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа порачувајќи дека е „многу лут“ и ветувајќи дека „до крај ќе го разветли овој случај“.

Без да ги спомене Барак Обама и Хилари Клинтон, Трамп истакна дек на федералната полиција во истрагата ќе ѝ стојат сите расположиви ресурси.

Правата дама на САД, Меланија Трамп ги осуди „кукавичките напади“. „Остро ги осудувам сите кои се решаваат на насилство“, изјави.

Десетина дена пред изборите на американскиот Конгрес на половината од мандатот, сомнителни пакети за кои засега не е потврдено дека содржеле експлозивни направи доставени се во средата во домовите на видни демократи.

Откриени се пратки упатени во домовите на поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Барак Обама, на гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Коумо, во телевизијата CNN за поранешниот директот на Централната разузнавачка агенција CIA, Џон Бренана, до канцеларијата на Деми Васерман Шулц, поранешната претседателка на Нацоналниот комитет на Демократската партија која поднесе оставка кога компромитирачки материјали за оцрнување на Бен Сандерс во полза на Хилари Клинтон во демокртските предизбори се појавија во јавноста. Сомнителен пакет доби и демократската пратеничка Максин Ватерс.

Засега никој не ја презема одговорноста за напливот заканувачки пакето од кои првиот стаса во понеделникот во домот на берзанскиот шпекулант и милијардер Џорџ Сорос во Њујорк, кого републиканците го обвинуваат за плаќање на исценирани протести на наводно „професионални“ активисти против десничарските политики.

Претходно челникот на одделот за антитероризам во Њујорк, Џон Милер, изјави дека постои основано сомневање дека едно лице ги испратило експлозивни пакети. Милер одржа прес-конференција, заедно со претставници на Федералното биро за истраги (FBI), на која соопшти дека сите откриени експлозивни направи всушност биле грубо направени цевчести бомби. Додаде дека досега никој не е уапсен, ниту, пак, направите некого повредиле.

Гувернерот Куомо рече дека нема да биде изненаден ако бидат пронајдени уште сомнителни пакети, бидејќи еден таков бил испратен и во неговата канцеларија во Њујорк.