Трамп порача дека ќе признае поразот доколку изборите бидат фер

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во вторникот, откако го даде својот глас на Флорида, рече дека е подготвен да го признае поразот од демократката ривалка Камала Харис доколку изборите бидат чесни, но е уверен во својата победа.

„Ако загубам на изборите, ако изборите се чесни, јас ќе бидам првиот што ќе го признае тоа. Мислам дека досега беше фер“, изјави републиканскиот кандидат за Белата куќа.

Трамп, по гласањето во вторникот во Палм Бич, на Флорида, каде што дојде со сопругата Меланија, рече дека е „многу самоуверен“.

„Многу сум самоуверен“, рече поранешниот претседател, додавајќи дека републиканците имаат „голема предност“.

Рече дека неговата последна претседателска кампања била најдобрата досега. „Водев одлична кампања. Би рекол дека ова е најдобрата кампања што сме ја воделе“.