![tramp](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/tramp.jpg?resize=474%2C329&ssl=1)
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој планира во 2024 година да се врати во Белата куќа дури доколку биде осуден пред сојузниот суд, изјави во петокот дека евентуалната осудителна пресуда нема да го запре во продолжувањето на кампањата.
Преоптоварен со аферите кои ги оценува како хајка од страна на неговите демократските политички противници и неолибералната елита во судството, 77-годишниот републикански фаворит беше запрашан за тоа како ќе реагира на обвинувањата, ден по објавувањето на новите точки од обвинитениет во случајот со незаконското поседување доверливи документи.
Идентичен предмет се води и против актуелниот претседал Џо Бајден, демократот во чии приватни и деловни простории на три локации беа пронајдени доверливи документи кој воопшто не би требало да ги поседува во периодот кога беше потпреседател на САД. Но истрагата во овој случај, како и во идентичниот случај со трамповиот потпретседател Мајк Пенс кој ќе му се спротистави на својот поранешен шеф во тргата по претседателската номинација во Републиканката партија, се чини дека не напредуваат.
Доналд Трамп на радискиот новинар Џон Фредерикс, кој медиумите кои се против поранешниот претседател го опишуваат како „краен десничар“ кој го праша да ли ќе ја прекине кампањата доколку биде осуден му одговори „никако“ .
„Ништо во Уставот не кажува дека тоа би можело да ме спречи“ во водењето на кампањата додаде Трамп.
Поранешниот претседател рече и дека неговите претходници во Белата куќа, Барак Обама и Џорџ В. Буш „земале документи“ алудирајќи дека и други американски претседатели го правеле она за што тој е осуден.
„Никој (од нив) не доживеа вакво нешто. Ова е лудо“, рече Трамп.
Во четвртокот сојузните обвинител го проширија обвинението против Трамп во случајот на наговото чување на доверливите документи, за што веќе е обвинет, наведувајќи дека наводно вршел притисок врз свој вработен да ги избрише снимките од видеонадзорот за кои биле заинтересирани истражителите.
Покрај тоа, Трапм е обвинет и во врска со тајна уплата на поранешна порноактерка за нејзино молчење за нивната дамнешна наводна врска во текот на кампањата за претседателските избори во 2016 година, а му се заканува у тужба во рамки на истрага дека на изборите во 2020-та, за кои сѐ уште тврди дека се украдени на негова штета, сакал да направи пресврт на изборните резултати.
Државната обвинител на сојузната дражава Џорџија, демократка.,, до септември треба да објави резултат од истрагата за пририсокот кој наводно сакал да го направи за да се измени резултатот на изборите во оваа јужна држава. Тогаш на многу набљудувачи на неговиот тим ме им беше овозможено следење или повторување на броењето на гласовите, а судовите ги одбија нивните тужби во врска со регуларнота на изборниот процес.