Американскиот републикански претседател Доналд Трамп, кој во понеделникот ја напушти болницата по триднавната хоспитализација поради Covid-19, изјави во вторникот дека одвај го чека второто телевизиско соочување со демократскиот противкандидат Џо Бајден.
„ДОБОР СУМ! Одвај ја чекам дебатата во четврток на 15-ти октомври навечер во Мајами. Тоа ќе биде фантастично“, објави Трамп на Twitter.
„Претседателот има намера да учествива во дебатата“, изјави за Fox News портпаролот на Белата куќа, Тим Марто, помалку од час откако Трамо ја напушти болницата „Валтер Рид“ крај Вашингтон.
Вторта дебата, на којашто кандидтите одговараат на прашање на гласачите по распоредот е на 15-ти октомври во Мајами во сојузната држава Флорида, додека третата е закажана за 22-ри октомври во Нешвил во државата Тенеси.
ротивниците на Трамп изразуваа загриженост дека тој можеби бил заразени во текот на првата претседателка дебата со Бајден минатиот ворник, кога стојеа на растокание од два метра. Меѓутоа, Бајден двапати во изминатите денови беше тестиран на вирусот и беше негативен, и изјави дека би учествувал во следнтото соочуивање доколку здравствените експерти кои тој ги консултира речат дека тоа е безбедно.
Во заднината на инфекцијата на Трамп, која го истакна деновиве прашањето за улогата на потпретседателот на САД кој стапува на власт кога претседателот е оневозможен поради болест или други причини да ја извршува функцијата, интерес предизвикува и телевизиското соочување на републканскиот потпретседател Мајк Пенс и демократската кандидатка за оваа позиција Камала Харис.
Потпретседателската телевизиска дебата е закажана за среда 7-ми октомври на Универзитетот Јута. Телевизијата CNN објави дека при соочувањето Пенс и Харис ќе бидат оддалечени меѓусебно на растојание од 3,6 метри, по случајот со Трамп, а веројатно ќе има и плексиглас меѓу нив.