Трамп постхумно го помилува црниот боксер Џек Џонсон, и го поздрави казнувањето на „непослушните“ рагбисти

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот постхумно го помилуваше боксер Џек Џонсин, првиот афроамерикански првак во тешка категорија кој пред повеќе од стотина години бил затворен поради однос со бела жена, а претходно ја поздрави одлуката на Националната фудбалска лига (NFL – американската верзија на рагби), за казнување на тимовите чиишто играчи ќе одбијат простум да ја слушаат националната химна, додавајќи дека доколку не сакат да стојат дека тогаш можеби не им е местото во САД.

„Верувам дека Џек Џексон заслужува помилување за да се исправал неправдите во нашата историја“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во случајот кој стана симбол на расната неправда Џонсон во 1912 година бил уапсен со Лусил Камерон, којашто подоцна му станала сопруга, поради кршење на законот усвоен две години порано според кој кривично дело било од неморални побуди да се одведе жена преку државната граница. Џонсон починал во 1946 година.

Покрај Трамп во Овалната канцеларија при објавувањето на помилувањето присуствува актерот Силвестер Сталоне, кој се прослави со филмскиот серијал за боксерот Роки и боксерот Ленокс Луис.

Во април Трамп објави на Twitter дека го разгледува помилувањето по разговорот со Сталоне. Славниот актер претходно во четвртокот на Instagram објави своја фотографија во Белата куќа со текст „чекајќи го моментот да влезам во Овалната канцеларија поради помилувањето…“.

Претходно во четвртокот сопствениците на клубовите во НФЛ лигата го поддржуваа воведувањето на ново правило на однесувањето во текот на интонирањето на химната на САД, кое пропишува химната да се слуша во стоечки став, а на играчите кои не сакаат да стојат простум оставена им е можноста да останат во соблекувалната и подоцна да излезат на теренот. Правилото не се однесува само на играчите, туку и на сите лица кои на некој начин се членови на екипите во лигата и за време на мечот се наоѓаат на теренот.

Минатата натпреварувачка сезона некои играчи во НФЛ прибегнаа на протесно клекнување во текот на интонирањето на химната во знак на протест против повеќето случаи на полициска бруталност кон црнците кои завршија фатално. Овој чин предизвика контроверзии, а Трамп го осуди однесувањето на играчите како непатриотско барајќи да се стави крај на таквиот гест.

„Мислам дека тоа е добро. Мислам дека луѓето не би требало да останат во соблекувалната, но сепак мислам дека одлуката е добра. За државната химна би требало гордо да се стои. Или не треба да играш и да бидеш таму. Можеби не би требало да бидеш ниту во земјата“, изјави американскиот претседател за телевизиската мрежа Fox News.

Здружението на играчите во НФЛ соопшти дека не било консултирано за новите правила, и оти можеби ќе се обиде да ја оспори оваа одлука доколку би значела нарушување на колективниот договор.

Американското здружение за промовирање на правата на обоените лица (NAACP), најстарото здружение за граѓански права, ја критикуваше одлуката на клубовите во НФЛ, порачувајќи дека „играчите не можат да се исклучат од ситуацијата во којашто афроамериканците секојдневно се соочуваат со агресија“.

„Наместо сите заедно да се занимаваме со проблемот кој непропорционално ги погаѓа афроамериканците, сопствениците на НФЛ избраа да ги забијат главите во песок и да ти стивнат играчите“, соопштија од NAACP.

Американската унија за граѓански слободи (ACLU), покрена петиција и ја повика НФЛ да го почитува гласот на играчите и да ја повлече новата одлука. Тие обвинуваат дека Трамп и богатите сопственици на клубовите повеќето се белци, како и дека протестот со клекнување го доживеале како знак на непочитување.

„Но почитувањето и љубовта кон Америка не подразбира дека сме слепи на неуспехот на Америка да се држи до ветувањата за еднаквоста и расната правда, а тие неуспеси секогаш кога полицијата ќе убие црнец и ќе мине неказнето, се сѐ поочигледни“, велат од ACLU.