Трамп потпиша указ против зголемување на цените

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша указ за недопустливост за неоправданото зголемување на цените на редица продукти, во контекстот на борбата со ширењето на коронавирусот, соопшти на редовниот брифинг со новинарите, портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.

„Претседателот Доналд Трамп потпиша указ за спротиставување на зголемувањето на цените на неопходните производи во нашата војна со коронавирусот. Ова испраќа јасен сигнал дека нема да им дозволиме на оние кои ги креваат цените да ѝ наштитат на благосостојбата на САД во овој момент“, се наведува во писмента изјава на Гришам, објавена и на Twitter.

Претходно Трамп за новинарите изјави дека клиничките испитување на лекови за коронавирус ќе започнат во Њујорк од вторникот.

„Од утре наутро ќе им бидат давани на многу луѓе во САД“, рече Трамп. Без да соопшти поединости, додаде дека порано тоа средство се покажало ефикасно во борбата против маларијата.

Комплетот или миксот од лекови во кој е вклучен и лек против маларијата е користен во повеќе земји.

Според последните информации на Институтот „Џонс Хопкинс“, кој ги прави пресметките за состојбите со коронавирусот на дневно ниво врз основа на официјални податоци од здравствените власти, сојузните и локалните власти во САД, до понеделникот по локално време, ноќта кон вторникот по македонско, пријавиени се над 42.800 случаи на зараза, од кои починале 579 луѓе.