Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди во средата медиумските извештаи дека директорот на Централната разузнавачка агенција (CIA), Мајк Помпео, негов кандидат за државен секретар, минатата седмица лично се сретнал со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун.
„Мајк Помпео се сретна со Ким Џонг-ун во Северна Кореја минатата седмица. Средбата протече мазно и воспоставен е добар однос. Сега се разработуваат поединости за самитот. Денуклеаризацијата ќе биде голема работа за светот, но и за Северна Кореја“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter.
Белата куќа претходно во вторникот потврди дека имало контакти „на највисоко ниво“ со севернокорејскиот водач, но дека Трамп со него не разговарал директно, а весникот The Washington Post објави дека во посета на Северна Кореја престојувал директорот на CIA, Мајк Помпео.
Тоа, според весникот кој се повикува на два извора, се случило во текот на велигденските празници, и неговата цел била организирање на можната средба на Трамп со Ким.
„Во врска со расправата со Ким Џонг-ун, преседателот рече дека администрацијата разговарала на највисоко ниво и додека дека тие не било директно со него“, изјави Сара Сандерс, портпаролка на Белата куќа.
Мајк Помпео, кој е именуван за нов државен секретар по заминувањето на Рекс Тилерсон од таа должност во март, своевремено изјави дека нуклеарната програма на Пјонгјанг е најлошата безбедноста закана со којашто во моментов се соочени САД.
Трамп и Ким неодамна, по повеќемесечните меѓусебни омаловажувања, закани и остар воинствен вокабулар, се согласија да се сретнат лице в лице. Северна Кореја изрази подготвеност да разговара за откажување од својата нуклеарна и ракетна програма.
Трамп во вторникот во текот на средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека се надева ои средбата ќе се одржи и оти се разгледиваат пет локации за можниот самит. Но предупреди и дека можно е и средбата да не се оствари.
„Можно е работите да не тргнат добр и дека нема да имаме состаноци и само ќе продолжиме да одиме по овој цврст пат по кој тргнавме“, реле Трамп.