Во рамките на подготовките за претстојната лунарна нова година којашто ќе мине во знакот на кучето, жителите на кинескиот град Таијуан во покраината Шанкси пред трговскиот центар поставија статуа којашто наликува на американскиот претседател Доналд Трамп.
Слично направија нивни сонародници минатата година кога работниците во фабрика во Жеичанг изработија балони во фора на петел пред Годината на петелот којашто започна на 28-јануери. И тогаш ги поставија пред трговските центри.
Статуата не песот кој се мршти и се заканува со прстот, како што тоа го прави Трамп, има златна боја на косата и фризура како и актуелниот американски претседател. Песот има и карактеристична црвена вратоврска, пренесува весникот The Independent.
Кинескиот весник на англиски јазик People’s Daily поставувањето статута го поздрави со насловот „Добредојде за Трампкучето“, иако претставниците на трговскиот центар рекле дека статуата не е направена според американскиот претседател.
„Тоа е само симпатичен пес со кој нашите потрошувачи може да се фотографираат“, се наведува во нивното соопштение.
Според кинескиот календар претстојната Нова година започнува на 16-ти февруари. Кинескиот хороскоп опфаќа 12 години, а секоја претставува различно животно. Доналд Трамп, на пример, е роден во 1946 година којашто минала во знакот на кучето, како и 2018 година.
Меѓутоа, како што пишува People’s Daily, за Трамп тоа не е добра вест. Имено, на луѓето вообичаено им се советува да бидат претпазливи во текот на годината во нивниот знак, бидејќи според верувањето ги очекуваат големи замки. Според кинеското верување, секое лице роден во овој знак ќе го следи лоша среќа.
Трамо често ја критикуваше Кина обвинувајќи ги нејзините власти за нечесни услови во трговската дејност. Но по доаѓањето на власт ја ублажи реториката, а за кинескиот претседател Кси Џинпинг често пофално зборува.