Трамп повторно за Канада како 51-ва држава на САД

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во средата се огласи на социјалната мрежа за повторно да ја изнесе идејата Канада да стане 51-та американска држава, нарекувајќи ја можноста „одлична идеја“.

„Канаѓаните би заштедиле многу на даноците и воената заштита. Мислам дека тоа е одлична идеја. Многу Канаѓани сакаат Канада да стане 51-ва земја“, наведе новоизбраниот американски претседател на својата платформа Truth Social.

Анкетата спроведена минатата седмица од Institut Leger покажа дека 13 отсто од Канаѓаните би сакале нивната земја да стане сојузна американска држава, наведува француската новинска агенција AFP.

Трамп првпат ја изнесе својата идеја за „51-ва држава“ за време на вечерата со канадскиот премиер Џастин Трудо кон крајот на ноември.

За време на таа средба, новоизбраниот американски претседател се пошегува дека ако Канада не може да ги преживее царините од 25 отсто, може да стане 51-та американска држава, пренесува телевизиската мрежа Fox News.

Оттогаш, тој постојано го опишува шефот на владата на Канад како гувернер во објавите на социјалните мрежи, кои во САД го назначуваат шефот на извршната власт на сојузната држава.

Овие објави беа многу слабо примени меѓу канадските политичари кои ги сметаа за понижување, па дури и закана од САД. Но факт е дека канадските власти уште од периодот на американскиот претседател Барак Обама ги тесно ги усогласуваат своите економски и особено меѓународни политики со ставовите на Вашингтон.