Трамп преку Оман го предупредил Иран за можен напад и пратил порака дека сака преговори а не војна

Американскиот претседател Доналд Трамп во пораката до иранските власти испратена ноќта кон петокот непосредно пред отповиканата наредба за удар во Иран, порачал дека сака преговори, а не војна, пренесува Reuters повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Претходно агенцијата, исто така, повикувајќи се на извори кои се запонзаети со содржината на пораката, објави дека Иран преку Оман примил порака од американскиот претседател Доналд Трамп. Со тоа на Техеран му било дадено „ограничено време“ за одговор.

„Во својата порака Трамп рекол дека е против војна со Иран и сака да се организираат преговори со Техеран за разни прашања… Тој даде малку време за да добие наш одговоро, но итниот одговор на Иран се состоеше во тоа дека по ова прашање ќе решава врховниот водач (ајатолахот Али) Хамнеи“, рекол ирански функционер за Reuters кој барал да остане анонимен.

„Јасно ставивме до знаење дека нашиот водач е против какви и да се преговори, но дека пораката ќе му биде пренесена за да ја донесе одлуката… Меѓутоа, на официјалниот претставник на Оман му рековме декс аекој напад врз Иран ќе има регионални и меѓународни последици“, рекол друг споговорник на агенцијата, кој исто така сакал да остане анонимен.