Откако минатата година американскиот претседател Доналд Трамп ја прекрши традицијата, оваа година тој во Белата куќа го приреди првиот ифтар, заедничка вечера за исламскиот свет месец Рамазан.
Трамп на муслиманите ширум светот им посака среќен празник.
Како што пренесува АП, тој со овој потег ја изненади муслиманската заедница бидејќи минатата година не беше домаќин на оваа вечера.
Се собравме заедно оваа вечер, ја почитуваме светската традиција на една од најголемите светски религии, рече Трамп на присутните меѓу кои беа и амбасадорите на Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и Обединети Арапски Емирати.