Трамп прогласен виновен за фалсификување документи во случајот Сторми Даниелс, порача „народот ќе го каже своето“ на 5 ноември

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот беше прогласен за виновен за фалсификување документи за да ги прикрие плаќањата за купување молч на порно ѕвездата Сторми Даниелс за нивна наводна дамнешна сексуална врска која таа сакала да ја објави во медиумите пред тој да се кандидира за претседателските избори на кои победи во 2016 година.

Поротата во Њујорк го прогласи сега 77-годишниот Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението, што го прави првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. Трамп негира дека сторил нешто лошо и се очекува да поднесе жалба.

Даниелс пред три седмици пред поротата кажа за нејзината наводна врска со Трамп во 2006 година и исплатата од 130.000 долари што ја добила за да молчи кога тој се кандидираше за претседател во 2016 година. Таа сведочеше дека се согласила на тоа, бидејќи се плашела дека нема да ѝ плати кога ќе победи на изборите. Сега 45-годишната Даниелс рече дека одлучила да го задржи инцидентот приватен откако наводно добила закана на паркинг во 2011 година, но се предомислила за време на кампањата во 2016 година, кога биле изнесени неколку обвинувања за сексуален напад против Трамп.

Трамп се изјасни дека не е виновен по обвинувањето за фалсификување деловни книги за да ја прикрие исплатата на Даниелс. Тој негира дека имал секс со Даниелс, а неговите адвокати тврдат дека таа измислила затоа што сакала да се појави во шоуто на Трамп „Приправник“. Даниелс потврди дека се надевала оти Трамп ќе ја ангажира во шоуто по нивниот однос.

Поранешниот претседател беше прогласен за виновен по петнеделното судење кое вклучуваше експлицитно сведочење на Сторми Даниелс за нивната сексуална врска од 2006 година, што Трамп го негира. Тогашниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, сведочеше пред судот дека поранешниот претседател одобрил да ѝ плати на порно ѕвездата 130.000 долари во замена за молчење, а потоа таа сума била резервирана како деловен трошок. Ова се случило во последните седмици од кампањата за претседателските избори во 2016 година.

Нему му се заканува максимална казна од четири години затвор, иако другите осудени за такви злосторства често добиваат пократки казни, парични казни или условна казна.

„Ова е срамота. Наместено судење коешто го води корумпиран судија“, рече Трамп во првата реакција на пресудата.

Поротата во Њујорк претходно го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението, што го прави првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. За секоја точка од обвинението беше потребна едногласна одлука на поротата. Трамп нетрепнувајќи ги гледал од судницата додека тие се изјаснувале, истакнуваат американските медиуми.

„Јас сум многу невин човек. Вистинската пресуда народот ќе ја изрече на 5 ноември“, рече тој подоцна во ходниците на судот во Њујорк.

Нему му се заканува максимална казна од четири години затвор, иако другите осудени за такви злосторства често добиваат пократки казни, парични казни или условна казна. Казната ќе биде изречена на 11-ти јули. Судијата, демократот Хуан Мерчан, ѝ даде рок на одбраната до 13 јуни да ги изнесе аргументите за пресудата, а на обвинителството до 27 јуни да одговори. Трамп ќе го чека исходот на слобода.

Истовремено пресудата ги носи САД во непозната областа пред изборите на 5-ти ноември, кога Трамп, републиканскиот кандидат, ќе се соочи со актуелниот претседател, демократот Џо Бајден. Анкетите покажуваат дека Трамп и Бајден (81) се во тесна трка со предност на републиканецот, а истражувањето на Reuters/Ipsos покажа дека пресудата може да го чини Трамп поддршка меѓу независните и републиканските гласачи, иако тоа нема да го спречи да води кампања или дури да ја преземе Белата куќа куќа во случај да победи.

Кампањата за реизбор на Џо Бајден го нарече неговиот противкандидат „осуден криминалец“, но призна дека тоа нема да го спречи да се кандидира на изборите. „Сè уште постои само еден начин да се спречи Трамп да влезе во Белата куќа – изборите“, изјави портпаролот на кампањата на Бајден, Мајкл Тајлер.

Републиканците на Трамп жестоко ја осудија пресудата. „Денеска е срамен ден во американската историја“, рече претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон во писмена изјава за медиумите.

На Трамп му се закануваат уште три кривични судски процеси, за наводен обид за поништување на изборните резултати и за земање доверливи документи од Белата куќа, но ова е единственото што ќе биде завршено пред изборите на 5-ти ноември, бидејќи останатите се одложуваат поради процедурални причини.

Трамп се изјасни за невин во сите случаи и тврди дека администрацијата на Џо Бајден политички го прогонува, истрајувајќи и натаму на своето тврдење дека изорите во 2022 година биле наместени и му била украдена победата.