Трамп: Путин и јас одлично би се согласувале,

Американскиот бизнисмен и потенцијален кандидат на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД Доналд Трамп изјави дека би имал попозитивни резултати во односите со Кина и Русија од актуелната власт, како и дека да е претседател би бил пријател со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп на собир во Лас Вегас, во рамки на својата кампања за кандидатура на изборите во 2016 година, ја критикуваше надворешната политика на актуелниот претседател Барак Обама, но и на својот кандидатски ривал Џеб Буш.

Според Трамп Кина и Русија се непријатели поради неспособните американски лидери.

На прашањето од публика за односите со Русија, Трамп истакна дека проблемот е во тоа што Путин не го почитува Обама. – Мислам дека Путин и јас одлично би се согласувале, нагласи американскиот бизнисмен.

Трамп во своето обраќање, исто така, жестоко ги нападна и останатите претседателски кандидати, вклучително Хилари Клинтон, за која изјави дека била најлошиот државен секретар во историјата на САД.