![tramp](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/tramp-4.jpg?resize=696%2C359&ssl=1)
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека би сакал Русија да се врати во Групата седум (Г7) на најразвиените земји во светот, велејќи дека е „грешка да се исфрли Москва“.
„Би сакал да се вратат. Мислам дека беше грешка да ги исфрлиме. Видете, не е прашање дали ви се допаѓа Русија или не. Тоа беше Г8 тогаш“, рече Трамп во Белата куќа, најавувајќи нови реципрочни американски царини.
Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин „би сакал да се врати“ во Г7 и дека земјата „треба да има место на масата“, пишува „Њузвик“.