Американскиот претседател Доналд Трамп на своите помошници им соопштил дека би сакал лично да се сретне со рускиот колега Владимир Путин пред ноемвриските избори во САД, а истовремено Москва соопшти дека на повидок не е брз договор во пресрет на новите преговори за контрола на нуклеарното вооружение, чие постигнување би донело нови поени во полза на надворешната политика на Трамп.
Според неименуваниот соговорник на телевизијата NBC News од кругови блиски на американскиот претседател Доналд Трамп, во администрацијата биле разгледувани неколку опции за местата и датомот на можниот самит, вклучително и средба во септември во Њујорк. Целта на таквата средба во Белата куќа ја сметаат најавување на напредок во разговорите за контрола на нуклеарното оружје.
Како една од можните варијанти, американската страна го смета потпишувањето од страна на челниците на двете земји на нацрт-договорот за натамошните преговори на договорот СТАРТ-3.
Изворите на телевизијата истакнале дека тоа би му овозможило на Трамп во пресрет на изборите да покаже капацитет за водење тешки и значајни меѓународни преговори. Од Белата куќа за NBC News одговориле дека Трамп има договорено средби со светските челници, но не прецизирале конркетно за можноста за комуникации со рускиот претседател.
Претходно Трамп рече дека е малку веројатно дека ќе ја поддржи идејата на Путин за одрежување виртуелен самите на челниците на Советот за безбедност при ОН посветена на Иран. Како што рече американскиот претседател, тој би претпочитал таква средба за постоизборниот период.
Кога станува збор за контролата врз нуклеарното вооружување, од 16-ти до 18-ти август во Виена ќе се одржи уште еден круг разговори иза оваа тема, како и за други прашања од стратешката стабилност меѓу рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков и специјалниот претеник на американскиот претседаетл за контрола на оружјето Маршал Билингсли,
За постигнувањето договор сѐ уште нема услови, оцени во неделата Рјабков, и додаде дека сѐ уште постојат значителни разлики иако американскиот став е позитивен.
Преговорите во Виена за еден од последните важни билатерални договори вооружување, СТАРТ-3 или Новиот СТАРТ, се последната прилика за спасување на договорот кој истекува за околу шест месеци. Двете нуклеарни сили веќе преговараат за иднината на договорот во Виена. Засега нема сигнали за напредок, а САД се упорни на тоа и Кина да биде вклучена во преговорите. Пекинг, пак, повеќепати досега одби какво и да свое учество, поради несразмерно малиот нуклеарен арсенал во однос на рускиот и американскиот.