Пораншениот американски претседател и републикански претседателски кандидат за ноемвриските избори Доналд Трамп во неделата изјави дека „само Господ го спречил незамисливото“, ден откако беше засрелан на предизборен собир во Пенсилванија.
„Ви благодарам на сите за молитвите и мислите што ми ги испративте вчера, бидејќи само Господ спречи да се случи незамисливото“, напиша републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД на својата платформа Truth Social.
„Нема да му подлегнеме на стравот, туку наместо тоа ќе останеме цврсти во нашата вера и ќе одржиме пркосен став пред злото“, додаде Трамп.
„Во овој момент е поважно од кога и да е досега да го одржиме единството и да го покажеме нашиот вистински карактер како Американци и да останеме силни и одлучни и да не дозволиме злото да победи“, порача поранешниот американски претседател.
Доналд Трамп бепе евакуиран со крваво лице по обидот за атентат врз него неколку минути откако започна митин гот во Батлер, место на североистокот на САД. Напаѓачот е убиен, а уште во пукањето убиено е уште едно лице. Двајца присутни на настанот се ранети. Сите се мажи, соопшти полицијата.
„Навистина ја сакам нашата земја и сите вас и со нетрпение очекувам да комуницирам со нашата голема нација од Висконсин оваа недела“, напиша американскиот милијардер на Truth Social.
Доналд Трамп ќе отпатува за Милвоки, каде од понеделник се одржува конвенцијата на републиканците. На крајот на конференцијата тој и официјално ќе биде номиниран за претседателски кандидат на Републиканската партија.