Трамп се изјасни дека не е виновен во случајот на задржување доверливи документи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни во вторникот дека не е виновиен по обвинувањата дека неовластено задржал доверливи документи кои се однесуваат на националната безбедност кога ја напуштил должноста во Белата куќа и дека лажел пред службениците кои сакале да ги преземат.

„Без никакво сомневање се изјаснувам дека не сме виновни“, изјави неговиот адвокат Тод Бланш на сослушувањето.

Изјаснувањето за вината пред судијата Џонатан Гудмен во сојузниот суд во Мајами е основа за правна битка којашто ќе се одигрува следните месеци во екот на кампањата на Трамп за претседателските избори во 2024 година.

Експертите велат дека до почетокот на судењето може да мине една година или повеќе, но дека тоа не го ограничува Трамп да ја води кампањата и да учествува на изборите дури и во случај во меѓувреме да биде прогласен виновен.

Кога се појави во судот во Мајами, Трамп накусо беше уапсен, но како што извести телевизијата CNN, откако заврши сослушувањето е пуштен без услови да се брани од слобода.

Сослушувањето беше затворени за видео снимања и преноси во живо. Поранешниот адвокат на Трамп, Волт Наута, исто така обвинет во случајот, исто така се појави пред судот.

Ова беше второто судење за Трамп во изминатите неколку месеци. Во април се изјасни дека не е виновен по тужбите во сојузната држава Њујорк поради тоа што на порно-ѕзвезздата ѝ исплатил пари за да молчи за нивна наводна врска во времето пред да ја објави својата кандидатура за изборите во 2016 година.

Трамп е првиот поранешен претседател на САД кој е обвинет за кривични дела на сојузно ниво.

Приврзаници на широко распространетото движење MAGA со шапки и американски знамиња извикуваа „Мајами е со Трамп“ и „Латиносите се за Трамп“, додека колоната возила се запираше пред судот.

Локалните власти се подготвија за можни безредија и насилства, што требаше да биде алузија на 6-ти јануари 2021 година кога приврзаниците на републиканецот Трамп кои и денес обвинуваат дека претседателските избори во ноември 2020 година биле украдени во корист на актуелниот демократски претседател Џо Бајден, насилно влегоа на Капитол во Вашингтон при што имаше и жртви и се водат судски процеси. Меѓутоа, градоначалникот на Мајами, Френсис Суарез, изјави за новинарите дека тоа било непотребно затоа што немало никакви безбедносни проблеми.

Трамп повтори дека е невин и ја обвини администрацијата на претседателот Бајден дека врши прогон над него. На социјалниот мрежи во вторникот го нарече специјалнот советник Џејк Смит, кој за обвинителството ја води истрагата, „Трампомрзец“.

 

„ЕДЕН ОД НАЈТАЖНИТЕ ДЕНОВИ ВО ИСТОРИЈАТА НА НАШАТА ЗЕМЈА. НИЕ СМЕ НАЦИЈА ВО ПРОПАЃАЊЕ!!!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social кусо пред колоната да тргне од пред хотелот „Trump Doral“ кон судницата.

Смит го обвини Трамп дека ризикувал државни тајни со тоа што со себе понел „илјадници доверливи документи“ кога во јануари ја напуштил Белата куќа и ги складирал на непрописен налин на својот имот во Мар-а-Лаго на Флорида и во својот голф-клуб во Њу Џерски, според обвинението кое е објавено минатата седмица.

Одбраната на Трамп вели дека тие документи биле со симната ознака на тајност, а дека тој како претседател имал достап до нив, за разлика од актуелниот претседател Бајден на чии приватни имоти исто така се најдени доверливи документи од периодот кога беше потпретседател на претседателот Барак Обама.

На фотографиите приложени во обвинението се гледаат кутии со документи кои се наредени на бина во сала, во бања и расфрлани на под во складиште. Во документите за кои е обвинет Трам наводно се инфромации за тајната американска нуклеарна програма и потенцијалните ранливи точки во случај на напад, пишува во обвинението од 37 точки. Во нив се наведува и дека Трамп ги лажел функционерите кои се обиделе да ги преземат документите.

Во обвинението, исто така, се наведува дека Трамп наводно бил во договор со Наута да ги задржи доверливите документи и да ги сокрие од големата сојузна порота. Наута работел за Трамп и во Белата куќа и во Мар-а-Лаго.

 

Трамп и натаму со висок рејтинг

Законот од 1978 година ги обврзува и американските претседател и потпретседатели целата документација, писма, работни документи и електронски писма, по завршувањето на мандатот да ги предадат во Националниот архив на САД. Незаконски е свесно или намерно да се отстранат или да се задржат доверливите материјали.

Меѓутоа, овие настани започнати уште пред повеќе месеци не ги намалуваат шансите и надежите на Трамп дека повторно може да се врати во Белата куќа. По појавувањето на судот, според најавата би требало од Мајами да одлета за Њу Џерси каде се очекува да одржи говор пред своите приврзаници.

Овие правни проблеми очигледно не му наштетија на Трамп меѓу републиканската база на избирачи. Така, според анкетата што ја спровеле агенцијата Reuters и институтот за истражување на јавното мнение Ipsos, Трамп и натаму има подобар рејтигн од своите конкуренти за републиканската номинација за претсетелските избори во 2024-та. Покрај тоа, огромни 81 отсто од републиканските гласачи на обвинувањата гледа како на политички мотивирани.

Истовремено, повеќето републикански ривали на Трамп за номинацијата му изразија поддршка и го обвинија Федералното биро за истраги (FBI) за политичка пристрасност, првенствено поради затајувањето на истата истрага во врска со претседателот Бајден.

 

Проблемите на Бајден

Кон средината на февраури годинава припадниците на FBI двапати спровеле потраги и претреси на Универзитетот на сојузната држава Делавер, во рамките на истрагата на доверливите документи кои ги чувал актуелниот претседател Џо Бајден. Претресите, како што извести тогаш CNN, биле спроведувани неколку седмици во согласност и соработка со адвокатите на Бајден и наводно биле во два случаи запленети поголем број материјали, кои не биле класифицирани како доверливи, но се проучуваат во Бирото.

На почетокот на февраури беше објавено дека американското Министерство за правосудство спровело претрес во куќата за одмор на претседателот Џо Бајден во Рехбор Бич во сојузната држава Делавер. Претходно приватните адвокати и советникот на претседателот Ричард Саубер кон средината на јануари потврдија дека уште пет документи со ознака за највисока тајност се пронајдени во гаражата и во куќата на претседателот Бајден во Вилмингтон во сојузната држава Делавер и тврдеа дека веднаш му биле предадени во Министерството за правосудство.

Претходно адвокатите признаа дека откриле уште два сета строго доверливи документи кои се најдени во резиденцијата на Бајден и во канцеларијата на Бајден во Центарот за дипломатија и глобален ангажман „Пен Бајден“ од периодот меѓу 2017 и 2020 година, кога повеќе не беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама.

Овие откритија преставуваат голема непријатност за демократскиот претседател, бидејќи властите и Министерството за правосудство со месеци го истражувааt неговиот републикански претходник на должноста Доналд Трамп, откако доверливи документи беа најдени во неговиот посед на Флорида.