Сенаторите вечерва, како членови на Конгресот ќе присуствуваат на говорот на претседателот Доналд Трамп за состојбата во земјата, иако, неколку часа пред тоа, тие сеуште ќе дискутираат во однос на судскиот процес за негово отповикување.
Според многумина набљудувачи, вака сложенета политичка ситуација во САД е уникатна и без преседан, кога еден претседател е истовремено отповикан од Претставничкиот дом, и поканет од истото тоа тело да се обрати пред конгресмените кои бараат негово отстранување, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Сенаторите, демократи и републиканци, настапуваат како порота на суд во однос на импичментот на Трамп и нивните десетминутни говори, најверојатно, нема да влијаат на финалното гласање утре, кога се очекува претседателот да биде оправдан и ослободен од обвиненијата.
Лидерот на мнозинството во Сенататот, републиканецот Мич Меконел, денеска изјави дека санеторите се надлежни да го оправдаат Трамп бидејќи „фракциската треска“ на демократите претставува посебна закана за политичкиот систем на САД.
Лидерот на малцинската група сенатори-демократи, Чак Шумер, пак одговори дека заканата за американскаа демократија не е импичментот, туку самиот претседател.
Конгресменката Вал Демингс, една од законодавците која повика Трамп да биде обинет по две точки, пред 100-те членови на Сенатот изјави дека треба да реагираат како судии во случај во кој Трамп е вклучен во „огромна злоупотреба на моќта, што е досега невидено во американската историја“.
Вчера, конгресменот-демократ Адам Шиф, главен обвинител во судскиот процес за импичментот, изјави: „Ние докажавме дека Доналд Трамп е виновен. Донесете непристрасен суд и осудете го“.
Но, одбранбениот тим, предводен од адвокатот Кенет Стар ја нарече процедурата за импичмент во Претставничкиот дом како „избрзано просудување“, спроведена на нефер начин, и оти Сенатот не треба да ги награди обвинителите.
Тој рече дека да се обвини Трамп е како да им се каже на гласачите во 2016-та „ дека вашиот глас е неважечки и ќе биде поништен“.