Поранешниот американски претседател Доналд Трамп со согласил да ги врати древните керамички маслени лампи, дел од колекцијата на националното наследство на Израел, од неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, откако израелската управа за старини започна кампања за нивно вреќање, објави весникот The Wall Street Journal.
Весникот известува дека древните лампи стасале во САД во 2019 година, откако било предложено да му бидат подарени на Трамп како знак на благодарност за неговата голема поддршка на Израел. Особено, што неговата администрација по повеќе децении одлучи да го реализира законот на американскиот Конгрес со кој амбасадата на САД ја пресели од Тел Авив во Ерусалим, со што дефакто го призна градот на израелска престолнина, на што жестоко реагираа Палестинците и муслиманските земји.
Сепак, на крајот било одлучено спомнатите артефакти привремено да бидат изложени неколку седмици во Белата куќа, а потоа да бидат вратени во Израел. Подоцна, поради околносите предизвикани од избувнувањето на пандемијата на ковид-19, враќањето на артефактот било одложено. Се забележува дека во сиот тој период Трамп не бил сопственик на древните лампи, туку „всушност бил еден вид нивен чувар“.
„Бидејќи предметите беа изложени како што беше првично претпоставено, канцеларијата ќе го забрза нивното враќање на претставникот на организацијаа“, го цитира WSJ портпаролот на Трамп, кој истакнал дека керамичките лампи биле примени на одреден временски период за да бидат изложени.
Во резиденцијата на Трамп на територијата на клубот Мар-а-Лаго, пронајдени и се кутиите со материјали со разлинични нивоа на највисока тајност. Судењето за овој случај веќе започна, а според истражните документи, во периодот од јануари 2021 до август 2022 година, во резиденцијата се одржувале настани со учество на „десетици илјади членови и гости“ на клубот и не постоеле услови за „чување, поседување, разгледување или дискутирање на тајните документи“.
Трамп, кој објави дека повторно ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, истакнува дека станува збор за политичка хајка против него која сепак неам да го спречи во намерите. Во своите говори тој потсетува и на тајните документи најдени на три локации на актуелниот претседател Џо Бајден коишто не смеел да ги има во посед во никој случај бидејќи во тој период беше потпретседател на претседателот Барак Обама. Тајни документи се најдени и кај Мајк Пенс, поранешниот потпретседател во мандатот на Трамп кој ќе му се спротистави на својот поранешен шеф на републиканските предизбори за претседателската номианција. Трамп потсетува и на случајот со поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која неочекувано ја порази на изборите во 2016 година, која неовластено и противзаконски на приватен сервер чувала и уништила 33.000 електронски писма со доверлива содржина.