Донеадамнешниот американски претседател Доналд Трамп се враќа на политичката сцена со говорот на најголемиот годишен собир на конзервативците кој ќе се одржи во неделата во Орландо, решителен во намерата да се етаблира во ослабената Републиканска партија каде постои дилемата дали тој може да дојде до нов мандат на изборите во 2024 година.
Трамп првпат ќе има јавно обраќање откако ја напушти Белата куќа на 20-ти јануари, во рамките на годишниот собир на претставниците на конзервативната партија, која беше отворена во петокот во Орландо на Флорида.
Поранешниот американски претседател во Флорида е на познат терен, сѐ е преплавено со знамиња, капи и други предмети на кои е испишено името на Трамп, а на влезот во салата е поставена статуа која го прикажува републиканецот и 45-ти претседател на САД.
Меѓутоа Републиканската партија по насилствата на Капитол Хил се поделени. Некои сметаат дека во четирите години на Трамп ја загубиле контролата над Конгресот. Меѓутоа, тој ги предупреди дека токму поради колебањето да му дадат цврста поддршка во неговите тврдења и настојувања да докаже дека претседателските избори од 3-ти ноември биле лажирани во полза на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, неговите бројни приврзаници не дадода поддршка во подоцнежните избори со кои републиканците ја загубија контролата над горниот дом Сенатот.
Сега и неговите поддржувачи и неговите противници во Републиканската партија ги интересира одговорот на истото прашање: дали 74-годишниот Трамп во неделата ќе ја објави веста дека повторни ќе се кандидира за претседател на САД во 2024 година?
Организаторите сметаат дека тоа веројатно нема да го стори директно, но ваа тема може да се појави во индиректна форма. Имено во својот прв говор по 20-ти јануари, Доналд Трамп за „иднината на Републиканската партија и конзервативното движење“, изјавил за AFP извор близок на поранешниот претседател.
„Нема да правиме нови партии, нема да ја делиме својата моќ. Ќе бидеме обединетит и моќни како никогаше претходно“, е дел од говорот на Трамп во чиј транскрипт имала увид телевизиската мрежа Fox News. Неговиот говор е предвиден за 21.40 часот по локално време.
Трамп би требало да зборува и за проблемите со имиграциите и да ја критикува „катастрофалната политика“ на својот наследник и политички противник Бајден.