Американскиот претседател неколку часа по средбата со демократските челници во Белата куќа во петокот објави дека би можел да ги искористи вонредните овластувања за да го изгради на границата со Мексико без одобрение на Конгресот.
Судирот меѓу претседателот и демократите во Конгресот околу финансирањето на проектот кој е предизборно ветување на Донал Трамп доведе до двонеделна блокада на американската влада. Трамп истакнува дека нема да го поддржи законот за буџетот со кој целосно би се финансирала владата додека не ги добие петте милијарди долари за градење на ѕидот за кој вели дека е безбедносно прашања и кој ќе ги штити САД од нелегалната имиграција, од трговијата со дроги и луѓе итн.
Запрашан дали размислува за прогласување на вонредна состојба во државата за да го изгради ѕидот, Трамп одговори: „Да, размислував. Ние тоа го можеме. Јас не успев. Можеби ќе успеам… Но можеме да прогласиме вонредна состојба и да го изградиме многу брзо“.
Уставот на САД му дава моќ на Конгресот околу финансирањето на владата, и оттаму на Трамп му се закануваат законски предизвици доколку се обиде да го заобиколи Конгресот околу финансирањето на ѕидот. Тој ги негираше ваквите наводи на брифингот со новинарите во Белата куќа.
„Можеме да прогласиме вонредна состојба поради безбедноста на нашата земја, секако“, рекол Трамп. Запрашан дали воведувањето на вонредната состојба претставува закана до демократите рекол „Никогаш никому не би му се заканувал, но да, јас тоа можам да го сторам“.
Претходно во петокот Трамп се сретна со челниците на демократите, но не успеаја да се договорат околу деблокадата на владата, и продолжија со кавгите околу финансирањето на ѕидот. Трамп притоа истакнал дека сите сакат владата да биде деблокирана, но доколку биде потребно ќе ги држи сојузните агенции затворени „со месеци, можеби со години“. Делумната финансиска блокада ја блокира работата на 25 отсто од сојузната администрацијата, а некои од нив се клучните министерство, при што за околу 800.000 владини службеници не се обезбедени платите.