Трамп сериозно ќе ја разгледа можноста да го помилува Сноуден

Американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ќе ја разгледа можноста за помилување на поранешниот разузнавачки аналитичар во Агнецијата за национална безбедност (NSA), Едвард Сноуден, кој e vo егзил во Русијa.

„Не сум толку запознает со сiтуацијата со Сноуден, но ќе почнам да ја проучувам. Внимателно ќе го проучам тоа“, изјави Трамп на прес-конференцијата во Бедминистр во сојузната држава Њу Џерси запрашан дали ќе го помолува Сноуден за да може да се врати во САД.

Американскиот челник истакна притоа дека прашањето за помилувањето на порашниот разузнавач е крајно контроверзно.

„Многумина сметаат дека кон него треба да се однесува поинаки, а некои мислат дека направил многу лоши постапки“, рече Трамп.

Американскиот претседате во интервјуто за весникот The New York Post објавено во четврокот, меѓу другото истакна дека „многумина сметаат дека кон него (Сноуден) се постапува неправедно“.

Едвард Сноуден во јуни 2013 година, престојувајќи во Хонгконг, им даде на весниците The Washington Post и The Guardian доверливи документи и докази за програмите со кои американските и британските разузнавачки служни преку глобалните интернер оператори прислишуваат и следат милиони луѓе во светот, меѓу кои дури и челниците на сојузничките држави.

Во обидеот од Хонгконг да се префрли во некоја земја во Јужна Америка каде требаше да добие азил, а поради американската блокада која ја поддржаа западните земји на летовите кон латиноамериканскиот континент, Сноуден остана заробен на московскиот аеродром „Шереметјево“, каде што извесно време мина во бесцаринската транзитна зона.

Рускиот претседател Владимир Путин му даде привремен азил за една година, под услов да прекине со објавувањето на документите кои може да им нанесат штети на САД. Во август 2014 година Сноуден доби тригодишна дозвола за престој, што му овозможи пативања не само на територијата на Русија, туку и во странство, каде што не му се заканува апсење и предавање на САД. Во јануари 2017-та дозволата на Сноуден беше продолжена до 2020 година. Во април годинава, неговиот руски адвоката Анатолиј Кулрена изјави дека Сноуден подал документи за продолжување на престојот во Русија за уште три години.