Трамп смета дека поради гласањето по пошта резултатите на изборите би биле непрецизни

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот повторно го критикуваше дописното гласање, сугерирајќи дека поради тоа резултатите од претседателските избори на 3-ти ноември можеби никогаш нема да бидат прецизни.

Републиканскиот претседател Трамп смета дека со гласањето преку пошта може да се манипулира и оти може да придонесе резултатите од изборите конечно да бидат познати дури и по неколку месеци, додека неговите противници од Демократската партија во некои сојузни држави тврдат дека тоа се добра алтернатива во услови на епидемијата на коронавирусот.

„Поради новото и досега невидено количество гласачки ливчиња кои ќе им бидат испратени на гласачите или којзнае каде, резултатите од изборите на 3-ти ноември можеби никогаш нема да бидат точни, што некои и ги посакуваат. Запрете го лудилото со гласањето“, напиша Трамп на Twitter.

Според прописите, 16 американски сојузни држави бараат од гласачот да на наведе причиниата за гласањето преку пошта, како што е болест или патување. Другите 34 сојузни држави, пак, им дозволуваат на сите регистрирани гласачи доколку сакаат да гласаат преку пошта.

Трамп тврди дека благодарејќи на ваквиот систем на гласање може да се мами на изборите, додека неговите противници наведуваат дека во 2016 година секој четврти глас бил испратени по пошта. Таа година републиканецот поради сложениот американски изборен систем во кој се важни електорските гласови а не вкупниот број гласови неочекувано ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон која освои речиси три милиона гласови повеќе во целите САД. Меѓутоа, кога по жалбите на некои од независните кандидати во одредени сојузни држави започна пребројувањето на гласовите, тоа беше прекинато откако се покажа дека многу од гласовите кои ги добила Клинтон биле од лица кои немале право да гласаат.

На изборите на 3-ти ноември поради коронавирусот веројатно ќе има најмногу гласови по пошта во историјата на САД, а двете големи партии според околу начинот на кој милионите Американци ќе го дадат својот глас.

Податоците од неодамнешните сојузни и локални избори покажуваат дека гласачите на демократите во многу поголем број гласат преку пошта отколку републиканците. Во Пенсилванија, една од клучните сојузни држави кои со квотата електроски гласови го одредуваат понедникот на изборите а каде Трамп во 2016-та победи со тесна разлика, неговата кампања се обиде да ги забрани поштенските кутии за гласање и другите промени во изборната процедура. Републиканците од август поради дописното гласање на поднесоа тужби и во Невада, Њу Џерси и во Монтана.