Трамп смета дека Тајван треба да им плати на САД за одбрана

Тајван треба да им плати на САД за одбраната, бидејќи овој азиски ентитет сега не ѝ дава ништо за возврат, изјави републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

„Многу добро ги знам тие луѓе, многу ги почитувам. Тие презедоа околу 100 проценти од нашата индустрија за чипови. Мислам дека Тајван треба да плати за нашата одбрана… Знаете, ние не се разликуваме од осигурителна компанија. Тајван не ни дава ништо“, вели Трамп во разговорот за Bloomberg објавен во вторникот.

Соединетите држави се најважниот меѓународен сојузник на Тајван, но Вашингтон и Тајпеј немаат формален договор за одбрана како што имаат Американците со Сеул или Токио. САД сè уште се со стопствени закони обврзани да му обезбедат на островскиот ентитет одбранбени ресурси.

Тајванската влада ја стави модернизација на одбраната како приоритет, што вклучува развој на нејзините подморници. Таа не еднаш нагласи дека безбедноста на островот е само во негови раце.

Тајванскиот премиер Чо Јунг-таи, одговарајќи на изјавата на Трамп, рече дека неговата земја и САД имаат добри односи и покрај отсуството на официјални билатерални односи и дека Тајпеј е посветен на зајакнување на својата одбрана.

„Тајван постојано го зајакнува буџетот за одбрана и покажува одговорност пред меѓународната заедница. Подготвени сме да преземеме поголема одговорност. Се браниме и се обезбедуваме“, изјави тој за новинарите во тајванскиот главен град.

Тајван, кој Кина го смета за своја одметната покраина, со години се жали на кинеската воена активност во близина на нејзината територија, што го толкува како обид да се изврши притисок врз ентитетот настанат по граѓанската војна во 1940-те години која го отфрла тврдењето на Пекинг.

Американскиот претседател Џо Бајден ја разгенви кинеската влада велејќи дека Вашингтон ќе го брани Тајван доколку биде нападнат од Кина, што претставува пресвртница во повеќедецениската американска политика на „стратешка двосмисленост“ кон земјата. Бајден на 4 јуни дозволи интервенција на американската војска во случај на можен конфликт меѓу Кина и Тајван. Според него, САД ќе направат таков чекор доколку Кина реши еднострано да го промени статусот на Тајван.

Вашингтон и Тајпеј немаат официјални дипломатски или воени односи од 1979 година, кога САД престанаа да ја признаваат земјата и го раскинаа одбранбениот пакт, кога со Пекинг го договорија почитување на принципот „една Кина“ во обидот да се добие силен регионален сојузник против тогашниот Советски сојуз.