
Американскиот претседател Доналд Трамп во разговорот емитуван во неделата избегна да одговори на прашањето дали смета оти знамето на Конфедерацијата е навредлив симбол тврдејќи дека тоа е извор на гордостка на граѓаните кои го сакаат југот на САД.
Републиканскиот претседател во разговорот за емисијата „ Fox News Sunday“, беше запрашан дали е навредливо знамето за кое дел од Американците сметаат дека е симбол на робовладетелството и угнетувањето.
„Тоа зависи со кого и кога разговарате, Кога луѓето гордо ги истакнувале своите конфередациски знамиња, тие не зборувале за расизмот. Тие го сакаат своето знаме, тоа го претставува југот. Тие го сакаат југот… Би рекол дека станува збор за слободите, дека тоа е слобода на говорот“, одговори Трамп.
Актуелниот претседател и во минатото покажуваше разбирање за знамињата и симболите на Конфедералнцијата од Американската граѓанска воја (1861-1865). Во 2017 година го осуди отстранувањето на спомениците на Конфедерацијата обвинувајќи ги „двете страни“ во Шарлотсвил во сојузната држава Вирџинија, по протестите против остранувања на споменикот на конфередацискиот генерал Роберт Е. Ли.
Претходно месецов ја критикуваше забраната на конфедерациските знамиња на настаните организирани од автомобилистичката организација NASCAR.
Трамо вети дека ќе вложи вето на предлогот за буџетот за одбраната за 2021 година, поради одлуката американските воени бази кои носат имиња на конфедерациските генерали да се преименуваат и најави построги казни за оние кои ги уништуваат спомениците ширум САД.
„Форт Браг, Форт Риберт Ли, се бази кои ги носат овие имиња долго време, со децении. Не ме вознемирува што вели војската. Одлуката треба да ја донесам јас (…) Никој дури и не знае кој е генералот Браг (…) И како ќе ја наречеме? Да ја наречеме ‘Преподобниот Шарптон (познатиот во САД црн проповедник Ел Шарптон – з.р.)?“, рече Трамп.
„Добивме две ужасни и сурови светско војни со нив, од тие бази. А сега тие сакаат да се ослободат од тие имиња. Не, јас тоа нема да го менувам. Нема да менувам“, вели Трамп во разговорот кој бил снимен во петокот.