Трамп со контра-обвинување за Бајден во врска со притисоците врз Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека ништо лошо не кажал во телефонскиот разговор со украинскиот колега по должност Валдимир Зеленски.

Џо Бајден, еден од главните фаворити за номинацијата на Демократската партија за американските претседателски избори следната година, повикувајќи се на медиумски написи, претходно апелираше да бидат објавени транскриптите од телефонски разговор на неговиот политички противник, актуелниот републикански претседател, во кои Доналд Трамп наводно му дал „несоодветно ветување“ на странски челник.

„Лажните вести и нивните партнери – Демократската партија колку што е можно повеќе го избегнуваат фактот дека Џозеф Бајден (поранешен потпретседател во мандатот на демократскиот претседателот Барак Обама – з.р.) побарал од украинската влада да го разреши од должноста обвинителот кој го истражувал случајот против неговиот син, или тие не бидобиле голема сума пари од САД“, напиша на Twitter во саботата републиканскиот претседател Доналд Трамп.

„Поради тоа, тие измислија призказна за мене и за мојот прекрасен и обичен телефонски разговор со новиот претседател на Украина. Ништо погрешно не беше речено. Од друга страна, барањето на Бајден е целосна катастрофа. Лажните вести го знаат тоа, но не пишуваат!“, додаде Трамп.

Претходно во саботата во интервјуто за уркаинскиот портал hromadske, министерот за надворешни работи Вадим Присајко негираше дека Трамп вршел каков и да е притисок врз Зеленски во текот на споменатиот телефонски разговор од јули.

Претходно весникот The Washington Post објави дека американски разузнавач во Украина алармирал службено дека во телефонски разговор на Трамп со Зеленски, наводно американскиот челник дал „несоодветно“ ветување за украинскиот колега.

Покрај тоа, весникот The Wall Street Journal, повикувајќи се на сопствени извори, објави дека во време на споменатиот телефонски разговор кој се одвивал во јули, Трамп „околу осум пати“ рекол дека Зеленски треба да му помогне на неговиот личен адвокат Рудолф Џулијани, кој настојувал да се поведат постапки во Украина поврзани со Бајден и неговиот син.

Всесникот наведува дека, како што потврдил самиот Џулијани, во јуни и август, ток се сретнал со претставници на украинските власти и со нив разговарал за ова прашање. Според Џулијани, Бајден како тогашен потпретседател на САД можел да изврши притисок врз властите во Киев да ја прекинат истрагата за Хантер Бајдени и украинска гасна компанија.

Хантер Бајден беше член на бордот на директори на „Burisma Group“, една од најголемите приватни гасни компании во Украина. Во времето кога неговиот татко Џо Бајден беше американски потретседател во 2016 година, бараше „Burisma Group“, строга антикорупциска политика од властите во Киев, и како дел од оваа кампања повика на оставка на тогашниот вршител на должноста јавен обвинител на Украна, а кој ги истражуваше активностите на „Burisma Group“. Истовремено, Јуриј Луценко, јавен обвинител на Украина, изјави дека не располага со докази за престапи кои можеле да ги сторат Бајден постариот и неговиот син на територијата на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.