Американскиот претседател Доналд Трамп се закани во петокот дека ќе ја затвори границата кон Мексико веќе следната седмица, или само големи делови од границата, доколку Мексико „веднаш не ги запре нелегалните миграции кои доаѓаат во САД“ од регионот.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати повторуваше дека ќе ја затвори границата со Мексико, но овојпат тоа би можело и да се случи, имајќи предвид дека американската влада има проблеми со навалицата од имигранти од Централна Америка.
Висок функционер во министерството за внатрешна безбедност рекол дека неговиот ресор го разместува својот персонал од местата каде влегуваат имигрантите на местата меѓу службените премини и бироата за прием на имиграните.
„Доколку треба да ги затвориме влезовите за да ја решиме навалицата луѓе кои доаѓаат, тоа и ќе го сториме. Во моментов сме близу потполно затворање на кој и да е влез“, рекол функционерот за новинарите, но сакал да остане анонимен.
Трамп го соопшти своите најнови закани во серијата објави на Twitter по репортажите дека голем број имигранти им се закануваат на пограничните слуќбеници во Ел Пасо, во сојузната држќава Тексас.
„КОНГРЕСОТ МОРА ДА ГО ПРОМЕНИ НАШИОТ СЛАБ ЗАКОН ЗА МИГРАЦИИТЕ СЕГА, и Мексико мора да ги запре незаконските миграции од влегувања во САД низ нивната територија, и нашата јужна граница“, порача Трамп.
„Мексикот долга низа години се богатеше на сметката на САД, што е далеку повеќе од трошоците за границата. Доколку Мексико ведна не ги сопре СИТЕ нелегални миграции кои доаѓаат во САД низ јужната граница, јас таа граница ќе ја ЗАТВОРАМ, или големи делови од таа граница, следната седмица“, се вели во друга објава на американскиот претседател.
Имигрантите коишто нелегално ја минуваат американската граница предизвикаа тензии меѓу САД и Мексико откако Трамп ја започна својата претседателски кампања пред речиси четири години. Трамп упорно и остро го предупредува Мексико на незаконските миграции и вели дека тие испраќаат силувачи и трговци со дроги во САД.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор претходно во четвртокот дека сузбивањето на нелегалните миграции е прашање кое првенствено се однесува на САД и земјите од Централна Америка.