Трамп со знамето горе – долу му одаде почит на Мекејн

Американското знаме час беше спуштено , час дигнато , во знак на почит на починатиот сенатор и претседателски кандидат , Џон Мекејн.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша одлука за истакнување на знамето на половина копје на Белата куќа за време на погребот на републиканскиот сенатор Џон Мекејн.

Во текот на викендот знамето беше на половина копје во чест на Мекејн , кој почина во саботата , но вчера за време на погребот , повторно беше дигнато.

По критиките од медиумите , знамето на Белата куќа повторно беше симанто на половина копје.

Мекејн , иако сопартиец со Доналд Трамп во политичкиот тестамент побара тој да не се појави на неговиот погреб , туку да дојдат Барак Обама и Џорџ Буш.