Аткуелниот американски претседател Доналд Трамп собрал донации во вкупен износ од 170 милиони долари од денот на изборите, објави во вторникот телевизиската мрежа ABC News повикувајќи се на сопствени извори.
Во прологот се наведува дека еден парите биле уплаќани по електронските пораки од штабот на Трамп за собирање средства за покренување на судските процеси поради измама на изборите со предлогот за поддршка на фондот „за заштите на изборите“.
„Татко ми беше сто проценти во право кога рече дека гласањето по пошта ќе создаде проблеми. Заслужуваме чесни и отворени избори“, цитира едно од посмата ABC потпишано од синот на Трамп.
Собирањето на средства беше објавено уште на 4-ти ноември, откако почна нагло да се топи првичната предност на Трамп на изборите по пристигнувањето на гласовите по пошта. „Потребна ни е вашата помош за осигуриме ресурси за да ги заптитиме резултатите од изборите“, објави тогаш кампата на Трамп на Twitte.
На 7-ми ноември, три дена по изборите, агенцијата Reuters повикувајќи се на два неименувани извори објави дека дека Републиканската партија ќе собира од донатори најмалку 60 милиони долари за финансирање на судските тужби во врска манипулациите на американските претседателски избори. Како што пишуваше тогаш агенцијата, од завршувањето на претседателските избори, кампањата на Трамп испратила барања за донации преку електронска пошта и писма, во кои наведува дека станува збор за валкана изборна игра.
Како пример, приврзаниците на Трамп ја посочуваат една од клучните сојуни држави, каде што на гласачките места републиканецот освоил двојно повеќе гласови од демократот или над 2,8 милиони наспроти 1,4 милиони гласови, додека Бајден по пошта добил 1,9 милиони гласови наспроти Трамп кој добил речиси 600 илјади гласови, а вкупниот процент надминува 100 отсто.
Актуелниот американски претедател сѐ уште не ја признава победата на противникот, но тужбите од неговиот изборен штаб беа отфрални од судовите на повеќето сојузни држави, а во вторникот и министерството за правда соопшти дека не биле забележани „поголеми неправилности“ во гласањето. Тоа се толкува како финален притисок врз Трамп да се откаже од оспорувањето на изборниот резултат, и да не ја попречува транзицијата на власта, на што минатата седмица премолчно и се согласи.