Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека „целосно“ е ослободен од обвинувањата откако министерството за правосудството ги објави заклучоците од специјалниот обвинител Роберт Мјулер за истрагата за наводното руското мешање во американските претседателски избори во 2016-та којашто ја оцени дека е „срамно“ што воопшто дошло до неа.
„Нема дослух, нема попречување, ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЕТО и во целост ДА ЈА СОЧУВАМЕ АМЕРИКА ГОЛЕМА“, објави американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter.
Таканаречената „руска истрага“ ја нарече незаконски обид за уривање кој пропадна“. „Искрено, срамно е што вашиот претседател мораше да претрпи, а започна и пред да бидам избран“, рече Трамп пред заминувањето од Флорида, во претседателскиот авион „Air Force One“.
По двегодишната истрага специјалниот обвинител Роберт Мјулер заклучи дека не постојат докази за договор меѓу изборниот штаб на Трамп и Москва на претседателските избори во 2016 година. Овие заклучоци кои во неделата ги објави министерот за правда Бил Бар претставуваат неоспорна победа за американскиот претседател кој со месеци тврди дека немало никакво „тајно договарање. Извештајот, воедно, му оди во прилог и имајќи предвид и дека најавува повторна кандидатура на изборите во 2020 година.
„Со истрагата на специјалниот обвинител не е утврдено дека изборниот штабн на Трамп или некој кој соработувал со него, се договарал и се координирал со Русија во нејзиниет обиди да влијае врз американските претседателски избори во 2016 година“, се наведува во писмото на Бар на четири страници кое е истпратенио до Конгресот и потоа објавено во јавноста.
Белата куќа преку портпаролката Сара Сандерс оцени дека американскиот претседател со овој извештај „целосно е ослободен од обвиненијата“. „Специјалниот обвинител не утврди никакво договарање ниту попречување“, објави Сандерс на Twitter. Министерот за правда Вилијам Бар и неговиот заменик Род Розенстејн, кои истовремено се и главен државен обвинител и заменик „покрај тоа, утврдиле дека немало никакво попречување на истрагата. Заклучоците на министерството за правда го ослободуваат од обвиненијата претседателот на САД“, додаде Сандерс.
Адвокатот на Трамп во неделата изјави дека делот од извештајот на Мјулер за наводното руско мешање во изборите до 2016-те, дури е попозитивно отколку што тој очекувал. „Подобар е од она што го очекував“, изијави адвокатот Руди Џулиани, најавувајќи поподробна изјава во врска со извештајот.
За второто централно прашање од извештајот, она за евентуалнот попречување на истрагата од страна на Трамп, Мјулер не изнел конечен заклучок. „Иако извештајот не заклучува дека претседателот сторил кривично дело, тоа ниту го ослободува од обвинението“, напишал. Меѓутоа, Бар, првиот човек кој го виде многу очекуваниот извештај, заклучува, пак, дека во докуметот, кој во рацете го имал од петокот, не се споменува никакви кривично дело коешто според неговотпо мислење би моќело да повлече по себе судски прогон поради попречување на истрагата.
Челникот на комитетот за правосудство на Конгресот, демократот Џери Надлер, најави дека комитетот наскоро ќе го повика Бар на сослушување.
Според прописите за истрагите на специјалниот обвините, главниот државен правобранител мора да го презентира извештајот на Мјулер од само 250 зборови, во главни црти на демократските и на републиканскиет челници на правосудните комитетит во Конгресот, но главно зависи од него што ќе објави.
Роберт Мјулер, поранешен директор на сојузната полиција Федерално биро за истраги (FBI), имаше тим во кој влегуваа 19 правници и 40 агенти на FBI кои испрашале 500 сведоци, спровеле 500 пребарувања и издале 2.800 покани за достатвувања документи и изјави, од 2017 година истражува дали кампањата на претседателот Доналд Трамп било во договор со Москва за да се обиде да влијае вр изборите и дали републиканскиот претседател подоцна настојувал незаконски да ја попречува истрагата.
Таканаречената „руска истрага“ фрли дамка врз мандатот на Трамп и пред правосуднит органи изведе високи личности, меѓу кои и поранешниот шеф на кампањата Пол Манафорт, советникот за националната безбедност Мајкл Флин и личниот адвокат Мајкл Коен, кои се веќе осудени или ја признаа вината по обвиненијата кои ги изнел Мјулер, но кои немаат врска со договор, основниот предмет на истрагата.