
Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Светската трговска оранизација (СТО – WTO) дека Вашинтон „нешто ќе стори“ доколку оваа меѓународна организација биде истрајна во „непримерениот“ однос кон САД.
Во разговорот со новинарите во текот на состанокот со холандскиот премиер Марк Руте во Белат куќа, американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека „СТО сега многу многу лошо се однесувала кон САД и се надевам дека тоа ќе се промени“.
Само неколку часа претходно информативниот портал Axios извести дека кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп составил предлог закон кој би му дал одврзани раце по прашањето на подигнувањето на царините и ќе му овозможни да ги договара царинските стапки во билатерални преговори со поединечните земја, со што би се прекршиле прописите на СТО.
Соединетите држави „се во многу неповолна позиција кога станува збор за СТО. И не планираме ништо ново, но доколку кон нас не се однесуваат како што треба, нешто ќе сториме“, изјави Трамп без да навлегува во детали.
Минатата седмица неименуван извор за агенцијата Reuters изјави дека претседателот Трамп приватно изразил желба за излегување на САД од СТО, но дека тој предлог не е сериозен. Во понеделникот ноќта портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс,изјави дека претседателот е фокусиран на решавањето на проблемите во глобалната тровија, а не на излегување од глобалната трговска органиација којашто е темел на повоениот глобален трговски систем.
„Во овој момент тој сака системот да биде поправен и на тоа е фокусиран. Јасно рече дека некои работи го загрижуваат, дека постои цела низа аспекти коишто според неговото мислење се неправедни. И дека Кина и други земји ја користат СТО за сопствено пробивање. Ние сме фокусирани на поправање на системот“, наведе Сандерс.
Во текот на средбата со холандскиот премеир Руте, претедателот Трамп рекол и дека неговиот кабинет ќе се сретне со функционери на Европската унија за да се „изнајден некакво решение“ за трговијата. САД воведоа царини на увозот на челикот и алуминиумот од Европа, а спроведува и истражување за националната безбедност што би можело да резултира со царини на увозот на автомобили и автомобилски делови“, откако ЕУ воведе одмазнички мерки за царини на некои американски производи.
„Мислам дека наскоро ќе се сретнеме со Европската унија. Тие сакаат да видат дали можат да најдат некакво решение и тоа ќе биде добро, и доколку го најдеме, тоа ќе биде добро а добро ќе биде и доколку не го најдеме, бидејќи само ќе водиме сметка за автомобилите коишто се слеваат тука и нешто ќе сториме по ова прашањ, зарем не?“, рече Трамп.
Портпаролката во Бирото на Американската трговска комора не била веднаш достапна за коментар за деталите од тие разговори.
Европската унија испрати во петокот писмо до американското министерството за трговија во коешто предупредува дека американските царини на автомобили и автомобилски делови би биле неправедни и дека би штетела на американската автомобилска индустрија и веројатно би ги поттикнале партнеите на противмерки на американскиот извоз вовкупна вредност од 294 милијарди долари.
ЕУ минатата 2017 година во САД извеле автомобили во вредност 37,4 милијарди долари, додека во ЕУ од САД се испорачени автомобили во вредност од 6,2 милијарди евра.