Трамп треба да плати два милиони долари за злоупотреба на средства

Суд во Њујорк донесе пресуда дека американскиот претседател Доналд Трамп мора да плати два милиони американски долари за тужба според која злоупотребил средства од својата добротворна фондација за да поттикне политички и деловни интереси.

Судијката Салиен Скарпула исто така го потпиша договорот за затворање на фондацијата Трамп и распределба на преостанатите средства од околу 1,7 милиони долари на други непрофитни групи.

Главната обвинителка на Њујорк, Летиша Џејмс минатата година поднесе тужба против Трамп и неговото семејство тврдејќи дека тие нелегално ја воделе фондацијата како продолжување на неговиот бизнис и претседателска кампања.

Џејмс бараше Трамп да врати околу 2,8 милиони долари.