Трамп: Украина ја губи војната којашто можеше да ја избегне

Украина трпи порази во конфликтот со Русија, кој властите во Киев можеа да го избегнат доколу се согласеа на одредени територијални отстапки, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервјуто за телевизиската мрежа NBC News.

„Медиими веќе ме пишуваат за војната… Тоа значи дека Украина губи“, вели поранешниот републикански претседател на САД во интервјуто од кое дел беше прикажан во неделата а NBC подоцна ќе го емитува целосно.

Трамп оценува дека „контраофанзивата“ на украинската војска никогаш не започнала. Изрази уверување дека Киев првично можел да го избегне конфликтот доколи се согласи со територијални отстпаки. Според него, се работ за црноморскиот полуостров „Крим и другите региони“ кои по референдуми во 2014 и во 2022 ѝ се присоединија на Русија што меѓународната заедница не го призава и го смета за нелегална руска анексија на украинска територија. Трамп е убеден дека во тој случај „никој немаше да загине“.

„Сега никој не знае дали цела Украина ќе биде ставена под контрола. Тие можеа да постигнат договор со губење на помали територии отколку што Русија, да бидеме искрени, веќе присоедини кон неа. Можеше да се постигне договор и никој немаше да загине“, рече Трамп.

Според поранешниот американски претседател, таквиот договр ќе им овозможил на властите во Киев да ја сочуваат земјата од разорувања.

Трамп повеќепати изјавуваше дека актуелниот американски претседател Џо Бајден со својата политика кон Украина ги турка човештвото кон трета светска војна. Републиканецот, исто така, постојано тврди дека доколку победи на изборите во ноември 2024 година и се врати во Белата куќа, за 24 часа ќе ја запре војната во Украина.