Трамп уверен дека пикот на епидемијата минува по денот со рекорден број починати, најави насоки за отворање на економијата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека САД најверојатно „го минаа пикот“ во бројот на новозаразените со коронавирусот и дека во четвртк ќе ги изнасе насоките за покренување на стопанството.

„Битката продолжува, но податоците говорат дека во целата земја го минавме врвот во бројот на новозаразените“, изјави претседателот Доналд Трамп на редовниот брифинг за новинарите во Белата куќа.

Истакна дека „придвижувањата кои влеваат надеж“ му овозможуваат во четврток да ги изнесе насоките за повторното покранување на економијата во земјата.

САД во средата забележаа уште еден црн рекорд со нови речиси 2.600 починати како последица од зараза со новиот тип коронавирус во последните 24 часа. Тоа воедно е и најголем број на починати во еден ден во некоја земја во светот, според податоците на Институтот при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во сојузната држава Мериленд.

САД регистрирале 2.569 починати од вторникот во 20,30 часот по локално време до средата во исто време, покажуваат податоците на споменатиот Институт кој ги собира официјалните податоци објавени од властите во целиот свет. Со ова, бројот на починатите од Covid-19 во САД се исјачи на 28.326 луѓе.

Соединетите држави се државата којашто најмногу настрада во пандемијата на коронавирусот во светот. Земјата од крајот на март забележа најголем број официјално потврдени случаи на заразата, со повеќе од 637.000 дијагностицирани случаи.

Во сојузната држава Њујорк, жариштетот на епидемијата во САД, забележани се, пак, 752 нови смртни случаи во последните 24 часа, а гувернерот Ендрју Куомо вели дека бројот на новозаразените опаѓа и дека здравствениот систем се стабилизирал.

Трамп на споменатиот брифинг најави дека подоцна во четврток ќе ги соопшти насоките за постепеното покренување на американската економија, којашто е сериозно потресена од епидемијата и рече дека САД гледаат опипливи знаци за забавување на епидемијата.

„Утре е голем ден. Повторно ќе ги отвориме државитем, некои многу порано од другите. Некои држави всушност ќе може да отворат и пред 1-ви мај“, рече Трамп во градината на Белата куќа, најавувајќи дека во четврток ќе ги изнесе поединостите за „повторното покренување на економија“.

Во САД последните три седмици уште речиси 17 милиони луѓе останале без работа, а голем број претпријатија се пред затворање.

„Очигледно е дека нашата агресивна стратегија функционира. Ќе се вратиме уште посилни, сите ние“, порача Трамп.