Меморандумот објавен во петокот за нелегалните дејствија изведени од Федералното биро за истраги (FBI) во текот на истрагата за наводното руско мешање во претседателските избори од 2016 година во САД и ја докажува недоследноста на верзијата за дослух меѓу кампањата на Доналд Трамп и Русија, порача во саботата на Twitter американскиот претседател.
„Меморандумот целосно го ослободува ‘Трамп’ од вина во истрагата. Но на поврзаниот со Русија лов на вештерки му нема крај“, објави американскиот претседател Доналд Трамп зборувајќи за себеси во трето лице. „По цела година постојано трагање, за НИШТО да не се најде, (обвинувањето) за дослух падна“, истакнува Трамп, додавајќи дека немало никакво „попречување“ на правосудството. „Немало заговор, нема злоупотреба (на овластувањата)“, истакнува американскиот челник истакнувајќи дека последниот документ „сега се користи, бидејќи по годината бескрајни истраги, кои резултираа со ништо“, верзијата за заговорот е „мртва“ а продолжувањето на истрагата е „срам за Америка“, заклучува Трамп, повторно доведувајќи ги со тоа во прашање чесноста и пристрасноста на челниците на FBI и на министерството за правда.
Меморандумот кој го напишаа републиканците во Разузнавачкиот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот вели дека истрагата за наводниот договор меѓу претседателската кампања на Трамп и Русија е производ на политичка пристрасност против републиканскиот кандидат кој победи на изборите во ноември 2016-та во FBI и во министерството за правда. Со овозможувањето да се објави овој документ, Трамп беше остро нападнат од опозициската Демократска партија.
Во понеделникот специјалниот комитет гласаше за објавување на овој документ, и покрај приговорите на демократските конгресмени кои тврдеа дека тоа може да наштети на истрагата за наводното мешање на Русија во американскиот изборен систем. Во меморандумот,особено се потенцира дека FBI добило дозвола да шпионира еден од помошниците на Трамп во текот на предизборната кампања, Картер Пејџ, врз основа на „досие“ составено од поранешниот британски разузнавач Кристофер Стил во кое нема инаку конкретни докази.
Подоцна FBI престана со истражувањето на овие материјали како сигурен извор Во самото „досие“ се тврдеше дека руските специјални служби поседуваат информации од личен и финансиски карактер, кои го дискредитираат Трамп. Тој, пак, темата за „досието“ ја нарече политички лов на вештерки. Информациите изложени во тие материјали на крајот не беа потврдени.