Трамп вели дека ги разбира чувствата на Русија за членството на Украина во НАТО

Украинската војна ја предизвика најдлабоката криза во односите меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година. Изминатата деценија и половина рускиот претседател Владимир Путин предупредуваше дека ширењето на НАТО на истокот преставува директна закана за безбедноста и опстанокот на Русија, а по почетокот на инвазијата во соседната земја, или како што тој на нарекуа „специјална воена операција“ за заштита на тамошното руско населние, често предупредуваше на ризиците од нуклеарна војна, но вели дека никогаш не почувствувал потреба да користи нуклеарно оружје во Украина.

Русија започна инвазија на Украина во февруари 2022 година, откако два месеци претходно САД и НАТО го одбија понудениот договор на Москва за гаранција за безбедноста на Руската Федерација со кој се предвидуваше враќање на големите воени бази на НАТО на границите од пред 1991 година со запирање на ширењето на западниот воен блок кон руските граници и неприемот во Алијансата на руските соседни земји како Украина и Грузија, кои имаат стратешки позиции во однос на руската територија.

Оттогаш, официјална Москва често го обвинува „колективниот Запад“ дека води „хибридна војна“ против Русија, поддржувајќи ја Украина, но и другите околни земји, со финансиска и воена помош.

Во јуни 2024 година, Путин излезе со иницијативи за мирно решавање на конфликтот: Москва веднаш ќе го прекине огнот и ќе се изјасни за подготвеност за преговори доколку властите во Киев, меѓу другото, официјално се откажат од своите намери да се приклучат на Северноатлантската алијанса.