![tramp zelenski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/tramp-zelenski-1.jpg?resize=696%2C470&ssl=1)
Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали.
– Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси – рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
Тој рече и дека сака „нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“.
Американскиот претседател прецизираше дека од Украина побарал ретки минерали во вкупна вредност од 500 милијарди долари.
На почетокот на минатата недела Трамп веќе побара гаранции за ретките минерали што се користат конкретно во електрониката.
Во интервјуто, американскиот претседател исто така рече дека разговарал со неговиот кинески колега Си Џинпинг откако ја презеде функцијата минатиот месец.
Трамп поретходно потврди дека неговиот специјален пратеник Кит Келог, кој има задача да подготви предлог за запирање на украинскиот конфликт, наскоро ќе го посети Киев. Според западни медиуми Келог би требало да биде во Украина на 20 февруари.
Трамп изјави дека оваа недела ќе разговара со својот украински колега Володимир Зеленски. Тој потврди и дека неговиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог, наскоро ќе ја посети земјата. Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, Трамп не даде конкретни датуми.
Портпаролот на Зеленски изјави за француски медиуми дека Келог ќе пристигне во Украина на 20 февруари – само неколку дена пред третата годишнина од инвазијата на Русија.
Американскиот претседател го задолжи својот пратеник да развие план за што побрзо завршување на војната во Украина.
Фото: Printscreen / X / Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський @ZelenskyyUa